18 Април, 2024
0.0274

ВО РЕЗЕРВИТЕ ИМА ГОРИВА ЗА 54 ДЕНА: Количината на државни резерви на храна и лекови е државна тајна

Објавено во: Економија 04 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Македонија има во задолжителните резерви на нафтени деривати вкупни горива кои покриваат потреби за 54 дена, тврди за Фактор првиот човек на Агенцијата Уљуси Бекири. Тој вели дека од дел од горивата има резерви и за повеќе денови, а последната набавка на деривати за резервите беше извршена минатиот месец. За годинава планирана е уште една со која Агенцијата треба да го исполни утврдениот минимум за годинава од деривати кои покриваат 90 дена. Прашањето за количината на нафтени резерви се актуелизираше со конфликтот, односно по инвазијата на Русија во Украина и растот на цените на енергентите. Во текот на вчерашниот ден, наеднаш настана и една паника меѓу граѓаните за евентуален недостиг на деривати на бензинските станици откако дел од нив ја ограничиле количината која може да се наточи во резервоарите. Додека институциите ја смируваа ситуацијата, се отвораа многу прашања. Актуелно е и прашањето за количината на стокови резерви која ја поседува Македонија, а директорот на Агенцијата за стокови резерви Реси Абдурахмани за Фактор не сакаше да открие колку точно количини харна и лекови имаме како резерви со образложение дека тоа е класифицирана информација односно дека е тајна.

ОГРАНИЧЕНИ КОЛИЧИНИ ЗА ТОЧЕЊЕ

Нема простор за никаква паника во делот на снабдување со нафта и нафтени деривати, изјави синоќа министерот за економија Крешник Бектеши коментираќи ја навалицата на бензинските пумпи и некои од ограничувањата за точење на горивата.

„За мене е несфатливо како е дојдено до оваа ситуација, бидејќи сите анализи покажуваат дека и компаниите сами имаат залихи, а дополнително имаме и согласно Агенцијата за стокови резерви и нафта и бензин и сите други деривати кои се пропишани. Ги повикувам сите граѓани да не чекаат во колони на бензинските пумпи, бидејќи нема никаков простор за паника, рече Бектеши.

А колку точно гориво имаме во резервите. Директорот на Агенцијата за стокови резерви Бекири за Фактор објасни дека за годинава е утврдено да се исполни план од горива кои ќе покриваат 90 дена, но во моментов нема толку.

„Имаме 54 дена покриеност со сите видови нафтени деривати. За дел од нив има резерви од 86,5 дена, тука спаѓаат моторниот бензин од 95 октани, дизел горивото, мазутот и екстралесното масло. Оваа година ќе купиме уште 15 милиони литри, и ќе исполниме покриеност од 90 дена за сите, вели Бекири.

За ситуацијата со „хаосот“ на бензинските ќе постапува Државниот пазарен инспекторат, чии инспектори и вчер аизлегле на терен. Претходно и од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) изјавија дека нафтени деривати има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, но дел од малите трговци не се однесуваат фер и ја ограничуваат понудата, со што оставаат впечаток дека нема гориво.

„На тој начин си прават “залиха”, која би ја продавале по нови цени што на некој начин во услови на криза е воено профитерство, посочија од РКЕ.

Некои трговци дозволувале да се наточи до 500 денари, а други не дозволуваа гориво да наполнат камионите.

ДАЛИ ИМАМЕ ДОВОЛНО СТОКОВИ РЕЗЕРВИ?

Пред да се разгори атмосферата околу нафтените резерви, настана недоумица и околу стоковите. Првиот човек на Агенцијата за стокови резерви за Фактор изјави дека нема да открие колку пченица и пченка имаме како резерви. Претходно, завчера српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија нема да има забрана за извоз на пченица кон Северна Македонија и другите соседни земји и дека ќе испратат соодветни количини пченица и пченка.

„Податоците за резервите се класифицирани и не можам да ви откријам ништо. Има резерви колку во годишниот план, односно колку што се пропишани законски. А изјава на еден претседател на можеме да коментираме, рече Абдурахмани.

На прашањето дали е тоа доволно тој вели дека тоа не се знае. Планирана е и нова набавка. Во стоковите резерви Македонија чува, пченица, пченка, масло за јадење, сол, лекови, медицински помагала...

Вчера министерот за земјоделство Љупчо Николовски изјави дека домашното производство на пченица изнесува 253 илајди тони, а годишните потреби за пченица се околу 300 илјади тони, што значи дека остатокот на пченица секоја година се обезбедува од увоз. Околу 90 отсто од пченицата, нашите мелничари ја увезуваат од Србија

„Според последните податоци, во 2021 година од Србија се увезени 65.000 тони пченица и 54.000 тони пченка. Во моментов, македонските млинови располагаат со доволно количество на залихи од пченица и пченка за покривање на домашните потреби, и нема простор за паника дека има недостиг на овие житарици. Со нашите соседи, комункациите во секторите се подразбира дека ни се на дневна основа за секоја земјоделска гранка што ја опфаќа нашата трговска размена, затоа што постои соработка меѓу министерствата, и вклучително таква е и комуникацијата со Србија. Претседателот Вучиќ веќе изјави дека Србија нема да го спречи извозот на пченица и пченка, што значи дека нашите млинови повторно ќе имаат можност да си увезат пченица од Србија, како и секоја година, изјави Николовски.

Домашните стопански субјекти, како што вели тој, имале45.000 тони залихи од пченица а ова според мелничарите се сосема доволни количини за снабдување на домашниот пазар како и секоја година, и за производство на брашно и пекарски производи.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб