Во регионот поплави и снежни врнежи
Објавено во: Балкан 08 Јануари, 2021
Косово и Албанија се соочуваат со поплави. Обилните дождови што паѓаат во Албанија веќе два дена предизвикаа поплави во Скадар, Леж, Ѓирокастро, Елбасан и Драч.
Неколку реки се излеаја од своите корита, а под надзор е и вештачкото езеро Калмен. Реката Ерзен се излеа во Драч и поплави земјоделски земјишта, куќи, патишта и продавници. Во неколку албански градови нема струја. Во Ѓирокастро патниот сообраќај е во прекин, како и во Елбасан, каде што на повеќе места има свлечишта. Обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето на автопатот „Ибрахим Ругова“ во Косово, а полицијата најавува евакуација на населението во општина Ѓаковица, каде се поплавени влезовите во градот и голем број куќи. Реката Мируша на подрачјето на општина Малишево синоќа се излеа од коритото поради обилните врнежи од дожд, но состојбата сѐ уште е под контрола, беше соопштено денеска од оваа општина. Во Србија пак има врнежи од снег. Снег со часови вее во неколку региони во Србија. Најмногу во Ужице, Пожега, Чачак, Ивањица. Формирана е обвивка од 40 сантиметри.