29 Март, 2024
0.1046

Во Прилеп постигната е согласност за продолжување на откупот на тутун

Објавено во: Агробизнис 18 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Во Прилеп постигната е согласност за непречено продолжување на откупот на тутунот. Договореното не е прифатено од една откупна компанија. 

Според министерот за земојоделство, Арјанит Хоџа донесен е заклучок, потпишан од сите присутни, со кој се дефинираат целите за следниот перод и се верификуваат заедничките усогласени ставови.

Меѓу Иницијативниот одбор за протести на тутунопроизводителите, Сојузот на земјоделски здруженија, Министерството за земјоделие и откупувачите е потпишан  договор со кој се отстранети можностите за манипулации во определувањето на класите, а со тоа и почитување на откупните цени..

Преставниците на Сокотаб кој од 23 илјади откупува над 7 илјади тони тутун не го потпишаа договорот.

Тутунарите изминативе денови блокираа патишта за да го изразат револтот. 

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи