Во Прага животни во зоолошка се заразени со коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Февруари, 2021
Во Прага животни во зоолошка градина се заразени со коронавирусот.
Горила и два лавови од Зоолошката градина во Прага се позитивни на вирусот.
„Утврдено е дека лавовите Џамван и Суши, како и горилата Ричард се позитивни на коронавирус. Симпромите им се благи, кашлаат, а Ричард е изморен и го изгуби апетитет“, напишал директорот на Зоолошката градина, Мирослав Бобек.
Се верува дека животните најверојатно се заразиле од вработените, по што и останатите животни ќе бидат тестирани.
Чешка од понеделник oди во најстрог карантин од почетокот на пандемијата.