Во пожар во исламско училиште изгореа 27 деца
Објавено во: Свет 18 Септември, 2019
27 деца изгореа во пожар во исламско училиште во Либерија.
Пожарот избил поради проблеми со електричната инсталација, а две деца, кои преживеале, се пренесени во болница.
„Денеска додека изби пожарот, децата го учеа Куранот“ – изјави портпаролот на полицијата Мозес Картер, пренесува Ројтерс.
Пожарот избил синоќа во преградие во престалнината Монровија, напишал на својот Твитер профил претседателот на Либерија, Жорж Веа.
Тој додал дека ова е тешко време за семејствата на жртвите, но и за целата држава.