Во понеделник ќе одмориме од работни обврски
Објавено во: Македонија 26 Декември, 2016
Понеделник е неработен ден за сите граѓани.
Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека 1 јануари 2017 година (недела), Нова Година, односно 2 јануари 2017 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Од Министерството на сите граѓани на Република Македонија им ја честитаат Новата Година.
Во 2017 година ќе има 27 неработни денови, некои за сите граѓани, а дел за етничките заедници.