24 Април, 2024
0.0325

Во Полска и Холандија ќе се дегустираат македонски вина

Објавено во: Агробизнис 01 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Полски и холандски експерти ќе го дегустираат македонското вино од единаесет винарски визби. Македонските винарии, организирани преку здружението „Вина од Македонија“, ќе ги промовираат своите вина во Хаг и во Варшава. Со своите врвни вина ќе се престават винарските визби Тиквеш, Стоби, Сковин, Далвина, Бовин, Попов, Дудин, Камник, Езимит, Попова Кула и Филовски. Целта на ваквите промоции е македонското вино што побрзо да се пробие на европските пазари. Според маркетинг стартегијата што ја изработија винасрките визби, Холандија, Полска, Словенија и Швајцарија се оценети како најперспективни пазари за македонското вино. Промоциите се поддржани од холандската Агенција за промоција на извозот - ЦБИ, а во организацијата на промотивните настани се вклучени македонските амбасади во двете земји  и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот преку своите економски промотoри. Досега преку здружението „Вина од Македонија“ , македонското вино беше презентирано во Хелсинки, Чикаго, Вашингтон и Њујорк, а седум македонски винарии веќе склучија договор за извоз во Кина.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари