Во пет македонски градови воздухот е алармантно загаден
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2019
Во Скопје, Тетово, Куманово, Битола и Струмица вечерва воздухот е многу високо загаден, може да се забележи од податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.
Средно загаден воздух дишат граѓаните на Кочани, а во другите градови загадувањето е пониско.
Скопје во светски рамки денеска е 11-ти најзагаден град, стои на air visual.
Aко се спореди бројот на ПМ честички во воздухот, лидер е Куманово со 200 ПМ на 100 микрограми, а за втората позиција од час во час се тркаат Тетово и Струмица.