18 Април, 2024
0.0335

Во пензиските фондови граѓаните веќе имаат над една милијарда евра

Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Вредноста на средствата на граѓаните кои се штедат во задолжителните пензиски фондови од вториот столб значително пораснаа за 14 години функционирањена реформираниот пензиски систем во државата.

Направените реформи во пензискиот систем овозможија стабилните приливи на придонеси кои се задржуваат како законски придонес од секоја бруто-плата на вработените, како и успешното вложување на тие придонеси од страна на трите пензиски друштва во земјава, Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, а од неодамна и Триглав пензиско друштво АД Скопје,придонесоа акумулацијата на средства и просечната вредност на сметководствената единица (преку која се изразуваат пензиските заштеди на членовите на Друштвата) да се зголеми значајно во наведениот период.

Според најновите податоци објавени во извештајот на МАПАС, заклучно со 30 ноември 2019 година вредноста на нето - средствата во трите задолжителни пензиски фондови изнесувала 74.898,13 милијарди денари или околу 1,2 милијарди евра. Тоа се пензиски заштеди кои им припаѓаат на 507.439членовиво вториот пензиски столб заклучно со 30 ноември 2019, според статистиката на МАПАС. Овие акумулирани заштеди на личните сметки, членовите може да ги користат кога ќе остварат право на старосна пензија согласно законската регулатива, односно ќе може да изберат еден од неколкуте понудени начини на исплата.  

Според законските прописи во Македонија, правото на старосна пензија се остварува со навршени 64 години возраст за мажи и 62 години за жени, со минимум 15 години работен стаж. Лицата кои се членови во вториот столб, а не се стекнале со право на старосна пензија, средствата од вториот столб може да ги користат откако ќе наполнат 65 години. 

Во рамките на доброволното пензиско осигурување, во земјава во моментов функционираат два доброволни пензиски фонда, Сава пензија плус и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд, кои заклучно со 30 ноември имале вкупно 24.998 членови, покажуваат податоците на МАПАС. Членството во третиот столб е доброволно, при што членовите самите одредуваат колку средства и кога ќе ги уплаќаат или за нив може да уплаќа компанијата во која се вработени преку професионална пензиска шема. Како и при штедењето во вториот столб, уплатените средства се вложуваат од страна на истакнати професионалци во областа на управување со средства и ризици вработени во пензиските друштва, со цел да се обезбеди раст на заштедата во периодот на акумулацијата. Целата заштеда се акумулира на доброволната пензиска сметка на членот и за разлика од вториот столб, овие средства може да се подигнат најрано 10 години пред стекнувањето на правото на старосна пензија, така што можат да бидат искористени и за друга финансиска цел пред пензионирањето.

Сите информации поврзани со функционирањето на пензискиот систем, членството во пензиските фондови и остварените резултати на пензиските друштва може да се најдат наинтернет-страницата www.penzija.mk.

Извор на податоци и супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година