22 Јануари, 2025
0.0260

Во Париз денес се собира светската елита, се отвора „Нотр Дам“

Објавено во: Свет 07 Декември, 2024

Добивај вести на Viber


Во Париз денеска ќе се одржи свечена церемонија по повод отворањето на катедралата Нотр Дам (Notre-Dame) со говор на францускиот претседател Емануел Макрон, кој го одржа ветувањето дека изгорениот скапоцен камен на готиката повторно ќе биде отворена во 2024 година, но сјајот на таа инаугурација ќе биде во сенка на актуелната политичка криза во земјата.

Макрон денеска ќе одржи говор на плоштадот пред обновената катедрала по големиот пожар на 15 април 2019 година. Првата миса отворена за пошироката јавност ќе се одржи утре, јавија француските медиуми.

Претседателот на Франција на 29 ноември ја посети Нотр Дам заедно со камери кои го открија раскошот на обновената зграда.

Денешната инаугурација ќе биде во позадина на политичка криза, бидејќи во средата вечерта парламентот и изгласа недоверба на владата на премиерот Мишел Барние, кој потоа поднесе оставка. Макрон има задача да назначи нов мандатар.

Макрон се надева дека церемонијата на отворање на катедралата за него ќе биде голем дипломатски успех со пристигнувањето на околу 40 шефови на држави и влади, меѓу кои и идниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Точно на 15 април 2019 година, џиновски пожар ја опустоши катедралата, симбол на христијанството кој беше вклучен во светското наследство на УНЕСКО. Дотогаш, катедралата добиваше 12 милиони посетители секоја година.

Беа потребни неколку месеци да се исчистат и отстранат 40.000 јагленисани цевки што ја опкружуваа катедралата пред пожарот и да се демонтираат статуите за реставрација.

Тој процес, прекинат за време на епидемијата на корона вирусот, се спроведуваше под висок степен на безбедност, беше завршен во летото 2021 година и чинеше 150 милиони евра.

Реконструкцијата започна во есента 2021 година на градилиштето на катедралата, каде беа поставени внатрешни и надворешни скелиња, како и бројни работилници - столари, стаклари и каменоресци.

За Французите, катедралата Нотр Дам не е само светски позната средновековна готска градба, туку срцето на Париз овековечено од писателите и дел од историјата на нацијата.

Изградбата на катедралата била започната во 1163 година од страна на епископот Морис де Сали, а била завршена речиси два века подоцна во 1345 година.

Нотр Дам е тесно поврзан со историјата на Французите. Нејзините моќни ѕвона биеја на 24 август 1944 година за да го одбележат ослободувањето на земјата од нацистите, а 26 години подоцна тие заѕвонија на погребот на водачот на Отпорот, генералот Шарл де Гол.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ УСПЕАТ ЛИ ДА ГО ФАТАТ? Франција издаде нов налог за апсење на Башар Асад поради извршени воени злосторства

ЌЕ УСПЕАТ ЛИ ДА ГО ФАТАТ? Франција издаде нов налог за апсење на Башар Асад поради извршени воени злосторства

КРВАРЕЊЕ ОД ОЧИ, МНОГУ ВИСОКА ТЕМПЕРАТУРА И СМРТНОСТ ОД 88 ОТСТО – ВИРУСОТ МАРБУРГ Е ОПАСНА ЗАКАНА: Избувна во Танзанија

КРВАРЕЊЕ ОД ОЧИ, МНОГУ ВИСОКА ТЕМПЕРАТУРА И СМРТНОСТ ОД 88 ОТСТО – ВИРУСОТ МАРБУРГ Е ОПАСНА ЗАКАНА: Избувна во Танзанија

ГИ РАЗГНЕВИ ЛИ ИЛОН МАСК ГЕРМАНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ? Бараат да се укине АФД иако со нив никој не сака да коалицира!

ГИ РАЗГНЕВИ ЛИ ИЛОН МАСК ГЕРМАНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ? Бараат да се укине АФД иако со нив никој не сака да коалицира!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tрамп потпиша наредби кои ќе донесат промени во САД, во Панама протест поради најавите за каналот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tрамп потпиша наредби кои ќе донесат промени во САД, во Панама протест поради најавите за каналот

БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТУРЦИЈА СЕ ИСКАЧИ НА 76: Полицијата приведе девет лица

БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТУРЦИЈА СЕ ИСКАЧИ НА 76: Полицијата приведе девет лица

ДАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ИДЕЈАТА НА ТРАМП: Ниту една земја не може да се послужи со Гренланд

ДАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ИДЕЈАТА НА ТРАМП: Ниту една земја не може да се послужи со Гренланд

МЕДВЕДЕВ: На светот не му треба златното доба на Америка

МЕДВЕДЕВ: На светот не му треба златното доба на Америка

(ВИДЕО) ЖИТЕЛИТЕ НА ПАНАМА СЕ БЕСНИ ПО НАЈАВАТА НА ТРАМП ЗА КАНАЛОТ: Го запалија американското знаме

(ВИДЕО) ЖИТЕЛИТЕ НА ПАНАМА СЕ БЕСНИ ПО НАЈАВАТА НА ТРАМП ЗА КАНАЛОТ: Го запалија американското знаме

(ВИДЕО) СО ВРЗАНИ ЧАРШАФИ ЛУЃЕТО СЕ СПАСУВАА ОД ПОЖАРОТ ВО ТУРЦИЈА: Брзаа да избегаат од огнената стихија

(ВИДЕО) СО ВРЗАНИ ЧАРШАФИ ЛУЃЕТО СЕ СПАСУВАА ОД ПОЖАРОТ ВО ТУРЦИЈА: Брзаа да избегаат од огнената стихија