Во моментов не можам да одам на училиште, вели наставничката со која учениците се исмеваа и ја снимаа

Објавено во: Балкан 17 Ноември, 2022
Српската наставничка која се соочи со исмевање од своите ученици, кои ја снимаа со мобилен телефон и го тргнаа столчето на кое таа седеше, вели дека е задоволна затоа што колегите ја поддржуваат.
Професорката моментално е на боледување, а против учениците е поведена кривична постапка.
„Во моментов не можам да одам на училиште, се држам засега, има денови кога сум добро, има денови кога ми е потешко, многу ми значи големата поддршка од колегите од училиштето“, изјавила за „Новости“ професорката од Техничкото училиште во градот Трстеник.
Се работи за тројца ученици кои доцнеле на часот по англиски, а кога дошле го направиле инцидентот, пренесува Н1. Сѐ се случило на 9 ноември.
Директорот на училиштето, Милан Глиџиќ за Н1 изјави дека до следната среда ќе биде донесена одлука за казната за овие ученици, а за случајот се информирани и јавното обвинителство, Центарот за социјална работа и управата на училиштето. Известени се и родителите. Учениците кои ја понижуваат наставничката можно е да бидат исклучени од училиштето.фото принтскрин Твитер
Можеби ќе ве интересира
Кои се 100-те најмоќни луѓе во медиумите во Србија?

Пленковиќ: Милановиќ „не е ѕвезда само во руските туку и во српските медиуми“

„МИЛАНОВИЌ Е КАКО ОРБАН И ДОДИК“: Британски „Гардијан“ за хрватскиот претседател

БОРБЕНОТО ВОЗИЛО „МИЛОШ“ ГО ПРЕПОЛОВИ ЦИТРОЕНОТ КАЈ ПАНЧЕВО: Загина жената возач, ова се први слики од страшната несреќа
АКО БИДАТ „ФАТЕНИ“ СО АЛКОХОЛ ВО ЈАВНОСТ ИЛИ ВО КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ- КАЗНА ОД 150 ЕВРА: Хрватска ригорозна и за гласна музика на терасите
НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Борбен авион се урна во Јонското Море

ВО СРБИЈА Е ПРИСУТЕН „ФЕРАРИ“ ВИРУСОТ: Лекарка открива кои се симптомите
