26 Април, 2024
0.0308

Во Маврово во организација на Халкбанк, на 8 септември повторно ќе се одржи велосипедската трка Halk Velo Green

Објавено во: Мои пари 16 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Правецот  Бистра - Леуново – Бистра во Маврово и годинава ќе биде рутата која ќе треба да се извози во рамките на хронометар велосипедската трка HALK VELO GREEN која веќе трета година по ред,на 8 септември ја организира Халкбанк АД Скопје како дел од платформата HalkEco. Сите вљубеници во велосипедизмот, професионалци и аматери, за учество можат да се пријават најдоцна до 29 август преку www.smartrace.club.

Учесниците во трката и годинава ќе се натпреваруваат во категориите ПРО, ХОБИ и ПРО Кидс и тоа во машка и во женска конкуренција, во зависност од степенот на подготвеност на секој натпреварувач. Категоријата ПРО во принцип е предвидена за сите оние кои се членови на клубови во Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ), но и за оние кои се чувствуваат подготвени да се натпреваруваат со овие велосипедисти. Категоријата ХОБИ е наменета за велосипедистите кои рекреативно се занимаваат со овој спорт. И за двете категории рутата е во должина од 22 километри. ВоПРО Кидс ќе се натпреваруваат млади од 13 до 17 години и деца од 6 до 12 години. За првите три најдобри велосипедисти во сите категории Халкбанк ќе обезбеди вредни награди.

Настанот освен спортски ќе има и забавен карактер, а за убавата атмосфера ќе се погрижат водителот Викса и DJ Goce Saf. За анимирање на најмалите ќе бидат „задолжени“ Халки и Ефектива.

Велосипедската трка Halk Velo Green е во знакот на тенденцијата на Халкбанк да промовира здрави животни навики кај населението и да придонесува кон зачувување на животната средина, за што сведочи и апликацијата HalkEco (www.halkeco.mk) чиј главен поддржувач е MasterCard. Со апликацијата банката го охрабрува секој корисник да биде физички поактивен, еко свесен и да ја мотивира заедницата со своите секојдневни здрави навики. Со користењето на апликацијата при вршење на активност како трчање, пешачење или возење велосипед, корисникот добива HalkCoins и освојува различни нивоа кои му носат низа подароци и финансиски бенефиции, со крајна цел придонесување кон засадување нови зелени површини на локации во земјата каде е неопходно.

HalkEco веќе прерасна во платформа преку која Халкбанк реализира и поддржува низа проекти кои ја покажуваат грижата на банката за заедницата и посветеноста кон зачувување на природата. Токму затоа и собраните средства од котизациите за учество во трката и годинава повторно ќе се искористат за  хуманитарни и општествено корисни цели.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет