19 Април, 2024
0.0295

Во Македонија од Ковид-19 почина и здравствен работник

Објавено во: Македонија 28 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Почина и првиот здравствен работник од Ковид 19, информираа од Фармацевтската комора. Станува збор за фармацевтскиот работник Петар Мојсоски од село Подгoрци, Струга, кој починал вчера на Инфективната клиника во Скопје. Мојсовски имал 58 години и се заразил извршувајќи ја својата работа.

Од Фармацевтската комора за Фактор велат дека нивниот колега бил исклучително внимателен човек, дисциплиниран, посветен на професијата и истражувач од својата област.

„Колку што ни е нам познато, тој беше здрав човек. Немавме информации дека имал здравствени проблеми порано, тоа најверојатно го знаат епидемиолозите сега. Како Фармацевтска комора апелираме да се подигне свеста на граѓаните, пациентите за опасноста во која се наоѓаме. Мора сите да бидат свесни дека и фармацевтите и останатите здравствени работници можат да бидат изложени на голем ризик доколку пациентите не ги почитуваат мерките и протоколите за заштита. Мора да се научат во аптека еден по еден, затоа што фармацевтте не можат да бидат и редари, вели Бистра Ангеловска, претседател на Фармацевтската комора.

Неофицијално, негови колеги од Подгорци велат дека починатиот здравствен работник се заразил од пациенти кои доаѓале на преглед во ординацијата во чиј склоп била аптеката во која работел Мојсовски во Подгорци.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните