19 Април, 2024
0.0275

Во Македонија искоцкани над 210 милиони евра! Кои се најголемите казина и коцкарници?

Објавено во: Економија, Анализа 12 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Дали е Македонија царство на казина, слот машини и автомати за коцкање, станува ли мека за интернет коцкање? Коцкарските компании во земјава (регистрирани како големи и средни фирми) во 2018 година направиле приходи кои надминуваат 210 милиони евра. Станува збор за 17 компании меѓу кои има казина, организатори на коцкање на автомати, слот машини, а има и интернет коцкање. Навистина спортските обложувалници не можат да се мерат со надоаѓачкиот тренд на „коцкање на струја„ без разлика дали се работи за казина, автомати, слот машини или компјутерски апликации кои овозможуваат глобално коцкање...

Бројките се немилосрдни и покажуваат дека во нашата мала земја има бизнис за дејностите за коцкање.

Принцез Хотел Казино на граничниот премин „Богородица“ во близина на Гевгелија е најголемата коцкарница од аспект на остварениот приход во 2018 година. Тој изнесува 40,5 милиони евра, а остварената добивка е 372.000 евра. Сопственици се локалната фирма „Принцес Гроуп“ од Гевгелија и „Ирада“ од даночниот и банкарски рај во јужногерманските Алпи – кнежевството Лиштенштајн.

Следуваат фирмите кои директно или индиректно ги поседува „Новоматик“. Оваа компанија преку фирмата ќерка „ХТЛ Македонија“ ги поседува Мастербет и МА Гаминг , а директно го поседува гевгелиското казино коцкарница Макотен. Најголем според приходи е „Мастербет“ со реализација од 15,5 милиони евра и добивка од 1,4 милиони евра (станува збор за брендот Астра казина). „МА Гаминг“ остварил приход од 19,4 милиони евра и добивка од 3,1 милиони евра и тоа е најуспешната македонска компанија на „Новоматик“. Гевгелиски „Макотен“ работел со загуба од 3,1 милиони евра, а приходот изнесувал 18 милиони евра.

Битолски „Сенатор“ е најголемиот приредувач на коцкарски игри по големата тројка на Новоматик. Таа компанија што е во сопственост на „Интерфутура“ од Скопје и на странското друштво “Блек Маунтин Инвестмент ЛТД“ во 2018 година остварила приход од 23,6 милиони евра и добивка од 1,7 милиони евра.

Во групата на „тешкаши“ според приходот е и Бет Ту Мар компанија во сопственост на домашна фирма – „Компанија Тренчески“ од Скопје. Ова друштво за забавни игри т.е. за коцкање и обложување остварило приход од 30,7 милиони евра и добивка од 232.000 евра.

Следува, според износот на остварен приход, охридското електронско казино „Матрикс“ сопственост на Борче Шишковски и Виктор Илоски. Ова друштво остварило 7,3 милиони евра приход, а добивка од 3.000 евра и во оваа конкуренција е компанија со најмал профит.

Автоматските коцкарници на друштвото „АПЕК МК“ оствариле приход од 8,3 милиони евра и добивка од фантастични 3,5 милиони евра. Ова друштво е поседувано од четири друштва: “ИНТ ГХ“, “Унио Бетеилигунтс“ , „КАЛЛ МАКС“ и „ АПЕКС Холдинг ГмбХ“. Од сите досега наброени ова е најуспешната коцкарска приказна според критериумот учество на профитот во приходот на компанијата.

Убедливо најуспешна е „Касинос Аустриа Интернационал Македонија“ која се јавува како ко-сопственик на Државната видео лотарија на Македонија. Ова друштво остварило приход од 2,34 милиони евра од кои чиста добивка се 2,17 милиони евра.

Од помалите организатори на коцкање најголем е ТХЕ Слотс со приход од 8 милиони евра и загуба од 592.000 евра. Ова друштво има пет сопственици од кои 4 се физички лица и една чешка фирма со подружница во Македонија и со назив Синот ВВ а.д.

Од најмалите четири електронски коцкарници најголем , за нијанса, е Астра Електроник Компани со седиште во Скопје. Друштвото остварило 1,87 милиони евра приход и добивка од 91.000 евра. Сопственост е на три странски физички лица и словенечка компанија „Интер Кватро“ со седиште во Порторож.

Брендот на „Винер Слот Казино“ го работи компанијата Глобал Гаминг од Скопје. Сопственици се друштвото „ДА АНД ЦО“ од Скопје и Горан Керкез. Глобал Гаминг остварил приход од 1,6 милиони евра од кои над 10 отсто се профит. Добивката изнесувала 178.400 евра.

Гостиварската компанија Казино Меркур во 2018 година остварила добивка од 5.700 евра од приходот што изнесува 1,4 милиони евра. Сопственици се Ѓулнеар Алими и Артан Цука.

Гаминг Професионал од Тетово има најмал приход во оваа конкуренција. Компанијата чиј сопственик е Владимир Пауновски остварила приход од 1,2 милиони евра и добивка од 17,150 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји