23 Април, 2024
0.0259

Во координирана акција сузбиена група која криумчарела хероин во Хрватска, приведени три лица

Објавено во: Балкан 29 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица ТИГАР, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, како и СВР Тетово - ОВР Гостивар и СВР Куманово  во раните утрински часови спроведоа координирана акција по насоки на Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на четири локации на подрачјето на Тетово, Гостивар и Куманово, при што се лишени од слобода три лица.

- Имено, оваа акција беше реализирана по повеќемесечна паралелна криминалистичка истрага на припадниците на Одделот за криминалистичка полиција со полициските службеници од хрватската полиција - Оддел за борба против криминалитет - дрога од полициската управа Истра и Националниот уред за сузбивање на корупција и организиран криминалитет на Р.Хрватска. Истрагата беше во координација и соработка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и хрватскиот Уред за сузбивање на корупција и организиран криминалитет (УСКОК) – Риека, а со логистичка поддршка на Канцеларијата на ГИЗ, за меѓународно злосторничко здружение составено од наши и хрватски државјани кои криумчареле хероин, при што секој припадник имал различна улога во набавка, продажба, чување, транспортирање и посредување во купопродажби на хероин на  подрачјето на Истра, Далмација и Загреб, и на тој начин на подрачјето на Хрватска извршиле продажба на 4,2 кг хероин, при што биле лишени од слобода повеќе лица - се наведува во соопштението од МВР.

На 23.09.2022 во заедничка акција на хрватската и македонската полиција во која учествуваа  и Јавни обвинители од ОЈО за ГОКК и полициски припадници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на подрачјето на Хрватска беа запленети 3,9 кг хероин, при претрес на дом во Загреб и беа лишени од слобода пет лица, и тоа еден македонски државјанин Б.Џ.(43) с.Синичане, тетовско, и четворица хрватски државјани на возраст од 42, 47, 49 и 66 години. Групата неовластено пуштала во промет хероин на илегалниот пазар за дрога во областа на Далмација од месец септември минатата година, а дрогата преку разни канали била пренесувана од нашата држава до територијата на Република Хрватска.

- Во денешната акција, по претходно добиена наредба за претрес од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домот на Б.Џ. од Синичане, кој е веќе уапсен на територијата на Хрватска,  при што биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. При претрес кај А.М.(50) од с.Опае, кумановско, пронајден е еден пиштол, 50 куршуми, поголема количина на кокаин, пакувања со марихуана,  електронски уред за мешање на дрога, парични средства во денари и евра, повеќе потврди за извршени финансиски трансакции и други предмети поврзани со кривичното дело. При претрес кај С.И.(74) од Гостивар пронајден е еден пиштол „ТТ“ кал. 7,62 мм со 168 куршуми кал. 7,62 мм и други предмети поврзани со кривичното дело. При претрес кај Е.Н.(63) од с.Синичане пронајдена е документација за извршени финансиски трансакции и други предмети поврзани со кривичното дело. Како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска, трите лица се лишени од слобода, а од страна на МВР ќе биде поднесена  кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“предвидено и казниво по чл. 215 ст.3 и кривично дело „злосторничко здружување“ по чл.394 од Кривичниот законик - појаснуваат од МВР.


Можеби ќе ве интересира

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?