Во Конго се изречени триесет смртни казни
Објавено во: Свет 16 Мај, 2021
Триесет смртни казни се изречени во ДР Конго за насилство врз полицајци.
Луѓето се осудени на смртна казна по еднодневното судење за нивната улога во антиполициското насилство со кое се одбележа крајот на Рамазан во главниот град.
Адвокатот на граѓанската партија Тишимба изјави дека 30 лица се осудени на смрт на судењето кое започна во петокот, еден ден по наводното насилство. Во ДР Конго не се спроведува смртна казна од воведувањето на мораториумот во 2003 година. Оттогаш, смртните казни се менуваат за доживотен затвор.