Во која држава веќе има и трет бран на коронавирус?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 21 Септември, 2020
Иранците веќе се соочуваат со третиот бран на Ковид - 19.
Тој почна на територијата на иранската провинција Техеран, изјави шефот на иранскиот кризен штаб, Алиреза Зали.
Поминало многу малку време помеѓу вториот и третиот бран.
Од Зали властите побараа повторно да воведат рестриктивни мерки.
„Во писмото до министерот за здравство побаравме повторно воведување ограничувања со цел да се сузбие вирусот. Ова особено се однесува на работата од дома“, изјави Зали, објави ТАСС.
Бројот на нови заразени повторно се зголеми, а во последните три дена дневниот број на новоинфицирани е над 3.000.
Иран на 15 јули објави дека е во тек вториот бран.
Во светот има 31.2 милиони заразени.