16 Октомври, 2021
0.0212

ВО ЈУЛИ БИЛА ИСПЛАТЕНА ЕВРООБВРЗНИЦАТА ОД 500 МИЛИОНИ ЕВРА - сега земјава е помалку задолжена

Објавено во: Финансии 31 Август, 2021

Во јули годинава државата ја исплатила еврообврзницата од 500 милиони евра, а тоа го намалило државниот долг, соопшти Министерството за финансии.

„Државниот долг заблежа намалување од 3,9 процентни поени. Денешните објавени податоци покажуваат дека тој се спушти на ниво од 52 проценти од БДП  во однос на 30.6.2021, кога беше на ниво од 55,9 проценти, односно забележа намалување од 3,9 процентни поени. Значајно е тоа што средствата што беа обезбедени на меѓународниот пазар на капитал во изминатиот период се со историски најниска каматна стапка од 1,625 отсдто“, информираат од МФ.

Оттаму објаснуваат дека намалувањето на државниот долг се должи пред се на раздолжувањето на Еврообврзницата во износ од 500 милиони евра извршена во јули годинава. 

„Ова раздолжување ќе влијае и на намaлување на состојбата на јавниот долг, што ќе биде евидентирано со податоците објавени за нивото на јавниот долг заклучно со третиот квартал. Согласно со утврдената динамика, Министерството за финансии објавува податоци за јавниот долг на квартално ниво. 

„Кризата предизвикана од Ковид 19 и справување со последиците влијаеше на зголемување на долгот во скоро сите земји, вклучително и во нашата. Државниот долг на крајот на 2020 година изнесуваше 51,2 отсто од БДП, во првиот квартал на 2021 се зголеми на 54,1 отсто, во вториот квартал на 55,9 отсто и на 31 јули 2021 година тој се спушти на ниво од 52 проценти. На промените на државниот долг влијаеја и повлекувањето на средства од склучени кредитни аранжмани со странски кредитори, задолжување со државни хартии од вредност, како и  отплата на обврски по основ на главнина на надворешен долг“, велат од Финансии. 

Нагласуваат дека цврсто стојат на својата заложба за стабилизирање на долгот и негово позиционирање на ниво од 60 отсто од БДП, што е во рамки на мастришкиот критериум, кој инаку е привремено суспендиран во Европската Унија, поради пандемиската рецесија.

„На среден рок, односно до 2026 година, проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг се дека тој ќе се стабилизира и ќе се намали на 57,7 отсто, додека државниот долг ќе се сведе на 50,7 отсто. Ова ќе се реализира, од една страна, преку планот и мерките за постепена фискална консолидација, односно постепено намалување на буџетскиот дефицит и од друга страна преку забрзување на економскиот раст, односно продуцирање поголема додадена вредност од којашто полесно ќе може да се сервисира долгот што доспева.

Во наредниот период, Министерството за финансии ќе продолжи со активното управување на јавниот долг. Притоа, основната цел е непречено одвивање на планираните активности, финансирање на дефицитот и редовна отплата на постоечките обврски со најниски трошоци и најповолни услови на финансирање“, потенцираат од Министерството за финсансии.

Можеби ќе ве интересира

ИНФЛАЦИЈАТА СЕ ОЧЕКУВА ДА „СПЛАСНЕ“ ДУРИ ИДНАТА ГОДИНА - средба на гувернерката Бежовска со шефицата од ММФ

ИНФЛАЦИЈАТА СЕ ОЧЕКУВА ДА „СПЛАСНЕ“ ДУРИ ИДНАТА ГОДИНА - средба на гувернерката Бежовска со шефицата од ММФ

ИНТЕРВЈУ ДАМЈАНОВИЌ: Во вкупниот број трансакции учествуваат околу 5.000 правни и физички лица, од нив 550 се редовни инвеститори

ИНТЕРВЈУ ДАМЈАНОВИЌ: Во вкупниот број трансакции учествуваат околу 5.000 правни и физички лица, од нив 550 се редовни инвеститори

ГУВЕРНЕРКАТА БЕЖОСКА: Ќе има ревидирање нагоре на стапката на инфлација, но тој раст нема да биде драматичен

ГУВЕРНЕРКАТА БЕЖОСКА: Ќе има ревидирање нагоре на стапката на инфлација, но тој раст нема да биде драматичен

Обезбедете низа поволности со картичката за лојалност на Кроациа Осигурување-Живот

Обезбедете низа поволности со картичката за лојалност на Кроациа Осигурување-Живот

КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ ФИНАНСИСКА КРИЗА И ДА СЕ ЗАЧУВА СТАБИЛНОСТА - власта крои закон за навреме да се „скенираат“ ризиците

КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ ФИНАНСИСКА КРИЗА И ДА СЕ ЗАЧУВА СТАБИЛНОСТА - власта крои закон за навреме да се „скенираат“ ризиците

ИНТЕРВЈУ ЃУРЃОВСКА, ПРОКРЕДИТ БАНКА: Штедењето треба да е што поавтоматизирано

ИНТЕРВЈУ ЃУРЃОВСКА, ПРОКРЕДИТ БАНКА: Штедењето треба да е што поавтоматизирано

15 години работа на вториот столб: Обезбедуваме услови за зајакнување на индивидуалните заштеди на членовите на пензиските фондови

15 години работа на вториот столб: Обезбедуваме услови за зајакнување на индивидуалните заштеди на членовите на пензиските фондови

БЕСИМИ НА ГОДИШНИТЕ СРЕДБИ НА ММФ И СВЕТСКА БАНКА - нема да се оди во Вашингтон, состаноците се онлајн

БЕСИМИ НА ГОДИШНИТЕ СРЕДБИ НА ММФ И СВЕТСКА БАНКА - нема да се оди во Вашингтон, состаноците се онлајн

Шест банки досега вклучени во кредитно-гарантната шема преку РБСМ

Шест банки досега вклучени во кредитно-гарантната шема преку РБСМ