23 Септември, 2020
0.0209

ВО ГРЦИЈА ПРВО ТУРИСТИТЕ ОД РЕГИОНОТ ОД 15.ЈУНИ: Нема да се бара Ковид-тест

Објавено во: Балкан 22 Мај, 2020

Грција првите туристи ги очекува од соседните земји. Министерот за туризам, Харис Теохарис во интервју за ЕРТ вели дека многу полесно, од 15. јуни од кога Грција ќе се отвори за туристичката сезона, ќе дојдат туристите од Северна Македонија, Србија, Бугарија...

Листата на земји од каде ќе допатуваат туристи во Грција, како што вели Теохарис, ќе биде готова до крајот на мај.

– Во првата фаза, очекуваме од Националната организација за јавно здравје да ни достави листа со земји за кои смета дека епидемиолошките податоци се такви што дозволуваат туристите со соодветната безбедност да пристигнат во Грција, истакна Теохарис во интервјуто за ЕРТ.

Истовремено, грчката влада побарала да се направат анализи и за останатите земји во Европа, односно да добијат податоци од балтичките земји, од Германија, Израел, Кипар, како и други земји од поширокиот регион.

Што се однесува до одлуката да не се бара тест за корона вирусот, Теохарис во интервјуто потенцира:

– Сакам да бидам јасен, оваа одлука, практично беше донесена од самите доктори. Органите кои издаваат такви упатства, како што е Европскиот центар за превенција и спречување на болести (ECDC), ни велат дека е мала вредноста да се прават овие тестови. Нам не ни претставува никаков проблем да се прават тестови, доколку тоа би го олеснило протокот на туристи. Но, ни велат дека реално, има мала вредност во тоа. 


Можеби ќе ве интересира

Босна доби нов град

Босна доби нов град

ГРЦИЈА ПРЕД КОЛАПС: Нема слободни кревети во болниците

ГРЦИЈА ПРЕД КОЛАПС: Нема слободни кревети во болниците

ЦРН ДЕН ЗА ЦРНА ГОРА: Скоро 300 заболени и 8 починати

ЦРН ДЕН ЗА ЦРНА ГОРА: Скоро 300 заболени и 8 починати

ВО ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ: Tретина од тестираните се позитивни на коронавирусот

ВО ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ: Tретина од тестираните се позитивни на коронавирусот

(ФОТО+ВИДЕО) КЕФАЛОНИЈА Е НЕПРЕПОЗНАТЛИВА: Jaнос поплави стотици домови и однесе жртви

(ФОТО+ВИДЕО) КЕФАЛОНИЈА Е НЕПРЕПОЗНАТЛИВА: Jaнос поплави стотици домови и однесе жртви

Во грчкиот парламент влегоа предлог-законите за помош и соработка со нашата земја

Во грчкиот парламент влегоа предлог-законите за помош и соработка со нашата земја

ОД ШТО ПОЧИНА БЕБЕТО ПРОНАЈДЕНО МРТВО ВО СЕЛО КАЈ ВРШАЦ - еве што покажа обдукцијата

ОД ШТО ПОЧИНА БЕБЕТО ПРОНАЈДЕНО МРТВО ВО СЕЛО КАЈ ВРШАЦ - еве што покажа обдукцијата

Топчанел: Со Бујар Османи и Дритан Абазовиќ - дури четворица Албанци министри за надворешни работи на Балканот

Топчанел: Со Бујар Османи и Дритан Абазовиќ - дури четворица Албанци министри за надворешни работи на Балканот

(ВИДЕО) ОШТЕТЕНИ ОБЈЕКТИ НА КРИТ: Земјотресот создаде хаос

(ВИДЕО) ОШТЕТЕНИ ОБЈЕКТИ НА КРИТ: Земјотресот создаде хаос