25 Април, 2024
0.0277

Во грчкиот парламент влегоа предлог-законите за помош и соработка со нашата земја

Објавено во: Балкан 21 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Во грчкиот парламент влегоа во процедура меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ; меморандумот за формирање на Координативен комитет за економска соработка и техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, се трите потпишани меморандуми меѓу Македонија и Грција што произлегуваат од Договорот од Преспа.

Откако актите ќе ги поминат предвидените процедури, ќе треба да бидат ратификувани, а станува збор за три меѓународни договори кои како предлог-закони се прелдожени  од Министерството за надворешни работи и од Министерството за одбрана на Грција. Трите предлог закони, оваа седмица не се на дневен ред на надлежната комисија.

Станува збор за договори според кои во првиот Грција треба да ја регулира помошта за Македонија во евроинтеграциите, во вториот се пропишуваат правилата од македонско – грчката економска соработка по посетата на грчката владина и бизнис делегација предводена од поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во Скопје, како и надгледувањето на воздушниот простор пред Парламентот

Првиот предлог-закон ја опфаќа билатералната соработка; соработката во политичките, економските, технолошките и културните аспекти на процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската унија; формирање Заеднички комитет за размена на идеи и предлози и изготвување акциони планови во вториот семестар од секоја година; разгледување на можностите за финансирање на програми за соработка и акциони планови.

Законите влегуваат во собраниска процедура по посетата на Атина од страна на македонскиот премиер Зоран Заев како и вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи. На крајот на есента во Скопје од Атина треба да пристигне голема дипломатска делегација со која че се разгледува техничката помош.

Според вториот закон, оној за економска соработка, заедничкиот Комитет, кој ќе се состои од по девет члена од двете страни, а првиот состанок ќе треба да биде свикан од заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, во рок од 30 дена од стапувањето на сила на меморандумот.


Третиот закон се однесува на надзор на воздушниот простор на нашата земја од грчки воени авиони и беше потпишан на 30 септември 2019 година во Скопје. 
Надзорот ќе го вршат авиони Ф-16 и М-2000 од грчкото Воено воздухопловство.



Можеби ќе ве интересира

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“