Во Европа се нудат 1.1 милијарда дози вакцини на црниот пазар
Објавено во: Свет, Корона Вирус 14 Април, 2021
Криминалци во ЕУ нудат 1,1 милијарда дози вакцини на црниот пазар.
Тие вредат 15,4 милијарди евра на црниот пазар, информираше Европската комисија при презентирање предлози за подобрување на борбата против организираниот криминал. Најголем дел од европски криминални групи (70 проценти) ги спојуваат своите активности со економијата и ги „перат“ стекнатите финансиски средства, 60 проценти учествуваат во корупција, 80 проценти користат законски бизнис за своите злодела.
ЕК планира да ја подобри полициската соработка до 2025 година, да инвестира дополнителни сили во борба против големи криминални активности.Неопходно е да се разгледа дел од европското законодавство поврзано со борбата против организираниот криминал.
foto freepik