29 Март, 2024
0.0234

ВО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА СЕ ШТЕДЕЛЕ 71,5 МИЛИОНИ ЕВРА - од Фондот за осигурување депозити ќе ги исплатат сите што имале до 30 илјади евра

Објавено во: Финансии 12 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Фондот за осигурување депозити е во одлична кондиција, располагаме со доволно средства и ќе направиме напор да ги исплатиме депозитите на граѓаните уште пред законскиот рок, рече директорот за Фондот за осигурување на депозити, Борче Хаџиев.

Ова тој го кажа на пресконференцијата на која гувернерката Анита Бежоска Ангеловска соопшти дека НБМ ја укина дозволата за работа на НБМ и дека утре до судот ќе побара отворање на стечај.  

На 31 јули 2020 година вкупниот износ на депозитите на физичките лица кои штедат во Еуростандард банка  изнесува 4,4 милијарди денари или 71,5 милиони евра.

Нашиот тим е подготвен и очекува непречена исплата на осигураните депозити. 

На 31 јули имало 136.619 депоненти на банката.

Според податоците, 780 депоненти нема да бидат обесштетени или нема да бидат во целост.

Фондот обезбедува штедни влогови до 30 илјади евра, така што оние што имаат поголема од оваа сума нема да бидат обесштетени во целост. 

Бежовска рече дека се надева дека стечајниот управник ќе води сметка за оние граѓани што имаат кредити кон банката.

Во банката се вработени 170 лица. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка