29 Март, 2024
0.0274

Во Дебар се повеќе заразени, се стравува од иселениците и изборите

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Во последното деноноќие во Дебар нови дијагностицирани со КОВИД-19 се шест лица. Со ова во изминатите шест дена вкупно се дијагностицирани 19 лица, пренесува МИА. Градоначалникот хекуран Дука вели дека бројот на зболени се зголемува поради олабавувањето на мерките и непочитувањето на протоколите, од граѓаните и од деловните субјекти. 

„Бројот на заразени е повисок споредено со првата фаза кога имавме 51 заразени, изјави градоначалникот Хекуран Дука. 

Тој повторно апелира на строго почитување на мерките, носење заштитна маска, одржување на личната хигиена, физичка дистанца, избегнување групирања и собири, кои се предуслов, како што вели, да се заштитме себеси и другите од невидливиот непријател. Од почетокот на пандемијата, односно појавата на првиот случај, на 26 февруари, до сега вкупниот број на заразени е 109 лица, од нив тројца од Центар Жупа. Битката со опасниот вирус ја добиле 48, починале четворица, а активни на болеста се 57 лица, од нив седуммина болнички се лекуваат во здравствени установи во Скопје.

Надлежните стравуваат дека КОВИД-19 ќе се шири поради собирите кои ги организраат партиите, но и пристигнувањето на печалбарите од еворпските земји,поради што се зголемуваат меѓусебните посети. Според статистичките податоци на дебарското Одделението за внатрешни работи во измнатата недела на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, полициските службеници констатирале четириесеттина прекршоци за неносење лична заштита на лицето, за што издадени им се прекршочни платни налози

Можеби ќе ве интересира

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?