20 Април, 2024
0.0269

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се откажа од нејзините даночни авантури

Објавено во: Економија 01 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Укинување на прогресивното оданочување е на барање на ВМРО-ДПМНЕ, велат од оваа партија. 

Прашуваат до кое дереџе ја донесе СДС државата, да излезе цела влада на важна прес конференција и да се фали дека ќе продолжи со даночната политика како до сега. 

„СДС со ваквите нестабилни политики придонесе да има уште поголем удар за стопанството. Креираат нестабилност, несигурност кај бизнисот и кај граѓаните. Три месеци изгубија во најава за даночни реформи, го убедуваа бизнис секторот и граѓаните дека прогресивниот данок е правилна мерка, за на крај да ја повлечат. И наместо да има акција од приватниот сектор тие чекаат и не можат ниту да планираат инвестиции, ниту развој. Напротив чекаат да видат каква ќе биде економската и даночната политика на Владата“, изјави  пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Велат дека СДСМ се откажа од нејзините даночни авантури и конечно прифати дека рамниот данок воведен од ВМРО-ДПМНЕ е стабилен.

„Наместо во услови на инфлација и зголемен долг кој е над 7.5 милијарди евра граѓаните на Македонија да слушнат за даночни ослободувања, владата соопшти дека ќе има нов данок за фриленсерите, и даночни стапки кои се исти како до сега. Безидејност, презентирана преку прес конференција долга еден час е на лик на минатите прес конференции кои ги држат долго време за да ги манипулираат граѓаните дека наводно нешто направиле. Ја потценуваат интелигенцијата на македонскиот народ, презентирајќи правичност во оданочувањето, а всушност реалноста е сосема поинаква“, истакна Стојаноски.

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција објави дека на владината седница е одлучено да се укине воведувањето на прогресивното оданочување, кое беше одложено и требаше да започне од 1 јануари 2023. Ваквата одлука е донесена по состаноците со деловната заедница.

Фатмир Бесими, министерот за финансии, на денешната прес-конференција по владината седница соопшти дека како дел од даночната реформа што ќе следува следниот пеирод со законски измени ќе се укине повластената даночна стапка од 5 отсто за ДДВ на егзотичната храна.

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?