29 Март, 2024
0.0258

ВМРО-ДПМНЕ: Полицијата во Драчево изработила пасоши со лажен идентитет за наркобосовите Јован Вукотиќ и Седат Пекер

Објавено во: Македонија 05 Април, 2021

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ брифира дека полициската апаратура издала патни исправи со лажен идентитет за водачот на озлогласениот Шкаљарски клан за трговија со дрога, Јован Вукотиќ и водачот на турската мафија Седат Пекер, кој до неодамна бил во државата, но повторно влегол и добил лична карта

Вукотиќ поседувал македонски пасош, со негова слика, но на име Ѓорги Андонов, издаден во полициската станица во Драчево. Новиот идентитет на Вуковиќ бил земен од Македонец од Пиринска Македонија, а уште еден припадник од истиот клан добил идентитет од Македонец од Корча. Пекер со украдениот или измислениот идентитет се вика Џадин Амедовски. На двете лица патните исправи под лажен идентитет им биле изработени во полициската станиоца Драчево.

Од партијата велат дека се работи за организирана шема на поединци од власта кои досега издале такви документи, со лажен идентитет, на најмалку 200 лица од подземјето во регионот, но имало и лица од држави на азискиот континент и од Јужна Америка, а од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека за тоа треба да знаат и министерот за внбатрешни работи Оливер Спасовски и премиерот Зоран Заев.

Од најголемата опозициска партија тврдат декаовие документи ќе бидат предадени на Јавното обвинителство.

„ Аферата Мафија потврдува дека државата станала гнездо, дала закрила и соработувала со балканските наркобосови, барани поради организиран кримина, наркотици, убиства, насилства“, брифираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека се работи за легални пасоши, одобрени изработени и издадени од МВР и полициски структури, но со украден идентитет од внимателно одбрани лица кои подолго време не користат пасоши.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење