23 Април, 2024
0.2566

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи поништувањето на лустрацијата: Кодошите не треба да бидат обештетувани

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи поништувањето на лустрацијатам а претседателот на собраниската Комисија за политички систем Александар Кирацовски денеска го одложи почетокот на седницата на која на дневен ред беше законскиот предлог.

Предлог-законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките на дневен ред на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците е поднесен од Владата, но од најголемата опозициска партија бараат министерката за правда Рената Дескоска да го образложи пред пратениците.

„Партијата на аболицираниот Зоран Заев сега прави аболиција на кодошите. Со СДСМ, Македонија стана единствена држава во Европа во која нема лустрација на кодошите на комунистичкиот режим, кои цели кариери изградија врз база кодошење на македонските патриоти, но и недолжни граѓани. Република Македонија е единствена држава во Европа во која кодошите на комунистичкиот режим кои местеа луѓе и уништуваа човечки судбини, наместо осуда, за тоа ќе добијат и пари од државата“, рече пратеникот Зоран Илиоски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ им овозможува на десетици кодоши кои зацрниле цели семејства сега да добијат пари од буџетот и дека во ЕУ не се оди со „остатоци“ од комунизмот.

„Македонија наместо европска држава станува како Северна Кореја каде со декрет на Заев се простува тоа што го правеле соработниците на тајните служби“, додаде  пратеникот.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ побара од министерката Дескоска да образложи зошто законот дава можност за обештетување. Според Милошоски, обештетување не треба да добие некој кој напредувал во кариерата со кодошење.

Според него, овој закон е во спротивност со Резолуцијата на Советот на Европа од 1996 година со која се препорачува сите држави каде што имало поранешни комунистички режими да воведат лустрација. Тој додаде дека наместо тоа, треба да се формулира системски закон за жртвите на државните кодоши.



Можеби ќе ве интересира

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор