24 Април, 2024
0.0268

ВМРО-ДПМНЕ му ги предаде контактите на Бектеши

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ денеска брифираше дека на министерот за економија Крешник Бектеши му се предадени контактите и договорени се средбите на кои Владата треба да изменаџира за поевтини количини на гас и мазут од западни компании. Единствено засега е познато дека гас ќе се набавува преку трговци од западни земји кои имаат договорено количини со Газпром.

По синоќешната средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како лице за контакт беше одреден министерот за економија, Крешник Бектеши. 

- Веднаш после оваа средба ќе ги контактираме нашите позиции, ќе ги пренесеме контактите до министерот Крешник Бектеши и од тој момент понатаму очекуваме оваа неизвесност во која што во моментов се наоѓа Македонија, граѓаните и стопанството да се ублажи. Односно да обезбедиме евтин ресурс со кој што ќе можеме да обезбедиме евтина струја односно поевтина од таа што е на берзите, а со што ќе им помогнеме на граѓаните, на стопанството и на државата, истакна Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека има контакти со компании кои би обезбедиле енергенс по поповолни услови за работа на ТЕЦ Неготино, а струјата што ќе се произведе да се даде на стопанството, за да се зачуваат работни места. Од таму предлагаат и контакти да се обезбедат ресурси за производство на електрична енергија и топлина од ТЕ-ТО Скопје. 

Владата вчера се согласи да ги разгледа предлозите на опозицијата за надминување на енергетската криза. Ковачевски и Мицкоски на вчерашната средба договорија ВМРО-ДПМНЕ да ги достави своите контакти за набавка на поевтини енергенси до министерот за економија Крешник Бектеши, кој треба да ги исконтактира посочените субјекти за да се утврди дали нивните понуди ги задоволуваат потребните критериуми.

Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право