28 Март, 2024
0.0273

ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса и Алтернатива со 3.000 амандмани за да не можат пратениците да гласаат онлајн

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива поднесоа 3.000 амандмани во Собранието за да ја блокираат промената на Деловникот со која заболените пратеници од Ковид-19 и оние кои се во изолација треба да гласаат и да учествуваат онлајн на седниците.

На овој начин опозицијата сака да ја затрупа собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања, која треба да расправа за онлајн работата на Собранието.

 ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе 1350, Алијанса и Алтернатива околу 300, а Левица околу 1400 амандмани, бидејќи како што гласи нивното објаснување, сметаат дека тоа може да доведе до злоупотреба на системот во време кога пред пратениците можат да се најдат клучни Закони или документи за гласање.

Според измените на собранискиот Деловник за работа кои ги предложи спикерот Талат Џафери, пратениците кои се во изолација поради Ковид може да гласаат од дома. Предлагачот на измените вели дека тие треба да се донесат за непречено функционирање на Собранието.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење