ВМРО-ДПМНЕ: Изборите завршија на 11-ти, сега ќе формираме Влада
Објавено во: Македонија 25 Декември, 2016
Од ВМРО-ДПМНЕ по првичното пребројување на гласовите во Теарце каде нема никаква можност за промена во изборниот резултат, соопштија дека овие избори завршиле уште на 11-ти декември кога остварија победа.
„Денеска , и ние како и целата јавност дознавме, дека и покрај сите напори, Теарчани го спречиле обидот за постизборен инжинеринг. Им честитаме за тоа. Како победници на изборите, остануваме посветени на идните чекори околу формирање нова Влада“, велат од партијата.
Се очекува во наредниот период ВМРО-ДПМНЕ да открие со кого успеал да формира коалиција бидејќи неопходни им се уште најмалку 10 пратеници за да имаат мнозинство во Собранието и потоа да гласаат за избор на нова Влада.