18 Април, 2024
0.0425

ВМРО-ДПМНЕ: Двојно повеќе увезени од извезени лубеници во земја позната по лубеници

Објавено во: Агробизнис 10 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Македонија која во изминатиов период важеше за земја извозник на лубеница во првите шест месеци од 2018 година има увезено двојно повеќе лубеници отколку што има извезено. Увозот изнесува 6.000 тони додека извозот е само 2500 тони на лубеници. И додека увезуваме од странство родот на нашите земјоделци скапува по нивите или се продава по цена од 2 до 3 денари за килограм. Извозот никогаш не бил послаб, се огласи Цветан Трипуновски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2016-та имало 11.000 тони на извезени лубеници, а годинава досега 2.500 тони.

-Поради неспособноста на власта домашните земјоделци беа приморани добар дел од родот да го остават да скапе на нивите или воопшто да го даваат без пари. Наместо профит за илјадници земјоделски фамилии, политиките на СДСМ носат профит на мала група трговци, изјави Трипуновски.


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари