ВМРО - ДПМНЕ ОД УТРЕ НА ТЕРЕН: Ветија ќе го посетат секој дом, секое населено место
Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2020
ВМРО-ДПМНЕ од утре тргнува на терен.
Партијата ја започнува кампањата „Обновата ПРЕД ВАШИОТ ДОМ”, најави на прес-конференција генералниот секретар Игор Јанушев. Тој вели дека тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе го посетат секој дом, секое населено место и ќе разговараат со сите граѓани.
Тимовите ќе почнат со посетите на руралните средини од следниот викенд и, како што вели, Јанушев нема да има човек во Македонија што ќе остане непосетен.
„Заедно со вас ќе ја поразиме оваа криминално рекетарска банда на власт. Доаѓаме сега, но ќе дојдеме и по 12 април. Вие граѓаните сте причината за која работиме“, вели Јанушев.
Генералниот секретар на партијата најави и дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе започне кампања „Мицкоски со граѓаните“.