04 Јули, 2020
0.0254

Северна Македонија доби советодавни услуги од ЕБОР и Меѓународната организација на труд за пазарот на труд после корона вирусот

Влијанието на пандемијата бара инклузивни одговори за политиките

Објавено во: Економија 28 Мај, 2020

Работната група на ЕБОР и Меѓународната организација на труд развиваат политика на препораки за Северна Македонија

·Пандемијата има силно влијание на локалните пазари на труд

·Работниците и претпријатијата во одредени сектори се значително погодени

Креирање на вработувања, заштитени животни средини и бизниси се целите на препораките развиени од заедничката работна група на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Меѓународната организација на труд  (МОТ), под покровителство на Економскиот и социјалниот совет на Северна Македонија.

Извештајот беше претставен на властите во Скопје, а објавата следеше денес и вклучува група предлози со кои треба да се постигнат потребните цели. Предлозите за проширување на заштитата вклучуваат заштита на работниците и семејствата, вклучувајќи:

·Воведување на определена помош за невработени, платена на месечно ниво по еднаква сума за максимум шест месеци;

·Воведување на средна категорија на компании кои се квалификуваат за мерки за задржување на работните места;

·Продолжување на периодот за квалификување во програмата за задржување на работа, кој ќе ја вклучи втората половина на март и ќе трае до крај на јуни;

·Натамошно продолжување на правилата за квалификување за загарантиран минимален приход;

·Воведување на паушална субвенција за комунални услуги или субвенција за енергија за домаќинствата со ниски приходи;

Активните мерки за вработување може да вклучат натамошно промовирање на шеми за споделување на работни места, ротација на работни места и шеми на обука, како и инвестирање во дигиталната економија. Начините за натамошно поддржување на претпријатијата се фокусираат на поголем пристап до финансирање, административна поддршка и социјален дијалог помеѓу сите засегнати во овој процес.

Економскиот и социјалниот совет на Северна Македонија ја покани работната група на ЕБОР и МОТ, во почетокот на годината да го поддржат развојот на одговорот на политиките, онаму каде што има закана јавното здравје да се развие во глобална пандемија со значајни економски последици. Северна Македонија воведе широки мерки на рестрикција кон граѓаните, за да го спречи ширењето на вирусот, и до сега успеа да го лимитира бројот на починати на 116 лица, од 2.039 регистрирани случаи на заболени.

Во меѓувреме, мерките силно влијаеа врз економијата. Според проценките на МОТ, само во вториот квартал на 2020 година, еквивалент на 85,550 редовно вработени работни места е загубен. Во најновата прогноза, во мај ЕБОР очекува пад на економското работење во Северна Македонија за 2020 година за биде 3.5%, пред да настапи закрепнувањето во 2021 година на 5.5%

Можеби ќе ве интересира

И препакувана морска риба е македонски производ

И препакувана морска риба е македонски производ

Ампева: Државата давала субвенции, газдите не им исплатувале плата на текстилните работници

Ампева: Државата давала субвенции, газдите не им исплатувале плата на текстилните работници

Порасна минималецот: Од месецов повисока плата

Порасна минималецот: Од месецов повисока плата

ПАНДЕМИЈАТА ГИ ОСТАВИ БЕЗ РАБОТА: Повеќе од 3.500 невработени имаме во јуни

ПАНДЕМИЈАТА ГИ ОСТАВИ БЕЗ РАБОТА: Повеќе од 3.500 невработени имаме во јуни

ВО КРИЗА ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА: Руската економија е на колена

ВО КРИЗА ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА: Руската економија е на колена

Стравот од втор бран на коронавирус ги „урна“ цените на нафтата

Стравот од втор бран на коронавирус ги „урна“ цените на нафтата

Шведска сепак профитираше од тоа што не воведе карантин

Шведска сепак профитираше од тоа што не воведе карантин

Ова се топ три градови со најмногу милијардери

Ова се топ три градови со најмногу милијардери

Нова услуга од Халкбанк: Бесконтактно плаќање со Mastercard преку новата апликација HalkPay

Нова услуга од Халкбанк: Бесконтактно плаќање со Mastercard преку новата апликација HalkPay