19 Април, 2024
0.0265

Влезот на 5Г мрежата стопиран од Владата, колку и како ќе се наплати еднократниот надоместок од операторот?

Објавено во: Економија 20 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Владата ја стопира одлуката за еднократен надоместок што треба да го добие државата од операторот кој сака да ги купи двете фреквенции за 5Г мрежа. Според преговорите што се водат со четирите заинтереси страни, од кои два се постојаните мрежни оператори, Агенцијата за електронски комуникации за 700 мегахерци и З.х гигахерци бара вкупно девет милиони евра еднократно плаќање.

Владата иако во јули првично го одобри предлогот на АЕК, во септември истиот го стопираше со одлука. Директорот на АЕК, Јетон Aкику, вели Владата треба да се праша зошто е тоа така одлучено.

- Мое лично мислење е дека Владата не сака операторот кој ќе биде избран да го плати надоместекот на рати, туку целата сума одеднаш. Мислам дека сепак ќе постигнеме договор и на некоја од следните седници ќе биде донесена конечната одлука,бидејќи време е да ги отвориме понудите од операторите, а без тоа, не би можел процесот понатаму да продолжи. Ние ја имаме почетната цена, но конечната ќе се формира по наддавањето вели Акику.

Освен во државната каса, дел од сумата ќе влезе и во буџетот на АЕК. Од Владата тврдат дека за 700 МНz и за З.х GНz плаќањето треба да биде еднократно, а не на рати. 

„Врз основа на барање за добивање согласност за најниска висина на еднократен надоместок за 5Г, доставено од Агенцијата за електронски комуникации, Владата на 101 седница донесе одлука за престанување на важење на одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на најниската висина на еднократниот надоместок и начинот на негово плаќање за добивање одобрение за користење на радиофреквенции од радиофреквенциските опсези 700MHz и 3.x GHz.

На истата седница Владата му препорача на директорот на АЕК да донесе и до Владата да достави нова одлука за утврдување на најниската висина на еднократниот надоместок и начинот на плаќање за добивање на одобрение на радиофреквенциите од опсезите наведени погоре, без можност за плаќање на надоместокот на рати, како и нова предлог-одлука за давање согласност на истата од страна на Владата“, гласи објаснувањето од Владата.

Интерес за тендерот за фреквенции за 5Г мрежа изразуваат четири компании. Тие бараат да платат помалку пари за користење на фреквенциите и подолг рок на користење за да им се исплати инвестицијата, според претходните коментари во отворената расправа за сумата. Постојните два мрежни оператори не би бил фер предлогот на АЕК нов трет оператор да може да плати двојно помалку од нив. Трет оператор пак би изградил нова мрежа како и би придонел за поголема либерализација на пазарот.

Инаку претходно еднократниот надоместок што го платил секој оператор при доделување на одобренијата за користење на радиофреквенции за 3Г изнесувал 10 милиони евра, а за 4Г изнесувал 10.3 милиони евра. Со претходните владини одлуки од пред десетина години, еднократните прифатливи надоместоци за разни фреквенции bea од два, пет, десет и 15 милиони евра, а најголемата што се побара беше во 2012-та со сума од 25 милиони евра за опсегот  811-821/852-862MHz како едно одобрение за целата територија

Со терминот 5Г се означува петтата генерација на мобилни телекомуникациски врски, која треба да овозможи побрз интернет и можност за поголемо поврзување на уреди. Технологијата која има од 10 до 1000 пати поголема брзина од досегашната 4Г мрежа ќе може да се користи и за професионални и за аматерски цели.

Од заинтересираните компании, три ѝ се познати на јавноста - тоа се Македонски телеком, А1 Македонија и Неотел. Неотел не нуди мобилна телефонија. Четвртата компанија е Битстрим Мобиле која сака да влезе на пазарот како нов мрежен оператор. Станува збор за фирма основана на крајот на јануари годинава. Според податоците од Централен регистар, компанијата е во сопственост на Телесмарт, фирма која има повеќе од десетгодишно искуство во полето на безжичните комуникации.

А.К.












Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб