29 Март, 2024
0.0256

Влегува ли власта во неодржлива буџетска авантура

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Ќе биде ли буџетот за 2020 година една предимензионирана желботека и екстра гломазен предизборен збир на ветувања за плати и пензии, но и за нереални капитални проекти, како што обвини опозицијата, или, пак, некој во власта навреме ќе се освести и ќе ја крене потребната „рачна“, и во име на одговорноста - ќе се успее да се скрои барем малку разумна државна каса.

Она што се случува последниве денови не дава за право да имаме премногу оптимистички очекувања. Откако во вторникот минатата недела Владата сама се пофали дека предлог Буџетот го става на седница, некаде во попладневните часови следуваше шок за јавноста – расправата се откажува за наредната владина сесија, нешто што прв пат се случува. Министрите кроеле, прекројувале, но не успеале да се договорат колку ќе тежи и како ќе изгледа најзначајниот економски документ во државата. Никој не се потруди да објасни каде „зачкрипи“ работата, единствено слушнавме немушти објаснувања од Владата дека „немало кавга, ниту тензична атмосфера“, туку „само конструктивна демократска дебата“, па дури и не „поучија“ дека тие се демократска власт која, нели, докрај ќе дискутира само за доброто на граѓаните. Дадоа уште едно алиби во нивна одбрана, дека ќе го запазат законскиот рок Буџетот да се изгласа на Влада заклучно до 15 ноември.

А во меѓувреме во медиумскиот простор пробиваат информации. Телевизијата Телма објави дека според нејзините неофицијални сознанија, на владината седница во вторникот бил разгледуван предлог Буџетот за следната година да изнесува 4,46 милијарди евра.

Од Владата целосен молк. Од таму не се потрудија ниту да ги потврдат, ниту да ги демантираат ваквите информации. Единствено некои владини извори, но строго неофицијално, се обидоа да не уверат дека овие бројки нема да бидат конечни, па најдобро е да не се избрзува со заклучоци.

Но, фактот што од власта молчат како залиени, упатува дека најверојатно нема да има големи промени. Можеби на наредната седница ќе се скратат некои 50, или 100, па и 200 милиони евра, но штом ваква верзија е веќе пуштена во јавност, не би било логично да се очекуваат големи промени.

Со самиот факт што се вртела опција за Буџет од 4,46 милијарди евра, се поставува прашањето каква е таа неподнослива леснотија на „дување“ на трошачките амбиции. Да стокмиш буџет потежок за близу 800 милиони евра, веќе не е ни храброст, туку нешто што се граничи со неодржлива фискална авантура. Паметиме дека пред нешто повеќе од една деценија имавме државна каса од 1,5 милијарди евра. Зарем толку порасна економијата и може ли таа на своите плеќи да го издржи овој товар.

Кога ги живееше долгите опозиционерски години, оваа власт жестоко го критикуваше мегаломанството на претходниците и големите задолжувања во кои ја втурнаа државата. Но, нема ли на овој начин да продолжат по нивниот пат. Власта тврди дека буџетскиот дефицит за идната година ќе изнесува 2,3 отсто од БДП, но прашањето што легитимно се поставува е – ако се планира да се потрошат 4,46 милијарди евра, од каде ќе се соберат толку многу пари на приходната страна?

Дека нешто е „матно“ стана јасно и кога Народна банка ги презентираше макроекономските прогнози. Оттаму рекоа дека уште не ги виделе буџетските проекции за идната година, како и новата Фискална стратегија. Па дури и се спомна можно преоценување, откако ќе излезе официјалната верзија на Буџетот.

И само за потсетување, се досега било практика Буџетот прво да се усвои на Влада, па да се презентира пред сите медиуми, како што е ред. А изминатава недела сме сведоци како секојдневно излегуваат неофицијални бројки, што само зборува дека или има големи „искричења“ на релација меѓу одделни ресори, или некој сака на мала врата да протне огромен финансиски предизборен колач, каков што сигурно пред три години не им ветуваше на граѓаните.  

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат