Власта смисли функција за главниот на ДУИ во Битола
Објавено во: Македонија 08 Март, 2021
Претседателот на партискиот огранок на ДУИ, Љутви Ахмети, е поставен од Управниот одбор на ЈП „Стрежево“ за вршител на должност заменик-директор за стратешкиот хидро- комплекс со акумулација од 120 милиони м3 вода и систем за водоснабдување на Битолскиот регион, Пелагониското поле, РЕК “Битола“ и другите индустриски капацитети
Одлуката паднала на он-лајн седницата по препорака на Владата, а ТВ Алфа објави дека јавното претпријатие требало претходно да го промени статутот за да може да се направи место за ваква функција.
Во Дирекцијата на јавното претпријатие однапред биле извршени просторни поместувања за да се обезбеди директорска канцеларија, а за Ахмети ќе биде обезбедено возило и возач.
Ахмети досега работел како оперативен работник на телефонска централа во Центарот за управување со кризи.