24 Април, 2024
0.0284

Власта (не)подготвена за вето на задолжувања

Објавено во: Економија 23 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Власта не очекува опозицијата „да и прави сопки“ во техничката влада преку дополнителниот министер за финансии што ќе го номинира и ќе треба да стапи на функција на 100 дена пред предвремените парламентарни избори, затоа што веќе го обезбедила задолжувањето кај странските банки и за ново ќе нема потреба до април, брифиран е „Фактор“ од извор близок до „Бихаќка“.

СДСМ на два пати, еднаш во 2015 и еднаш во 2016, се обидуваше преку својот дополнителен заменик-министер за финансии Кире Наумов да става вето на одлуките на задолжување на министрите Зоран Ставрески, односно Кирил Миноски. Сега тркалото се врти и таква улога ќе може да има ВМРО-ДПМНЕ преку заменикот кој ќе го назначи во техничката влада, а по се изгледа тоа би бил професорот Трајко Славевски.

Неофицијално, извори блиски до власта велат дека во предизборниот период нема да има никаква потреба од барање на еврообврзница. СДСМ првата спорна обврзница во 2015 успеа да ја „преполови“ преку Наумов од 500 милиони евра на 250 милиони евра по договор со Ставрески откако меѓународните кредитори беа убедени да не ја извршат трансакцијата без потпис од дополнителниот заменик-министер. Втората еврообврзница во 2016 во период на политичка криза ја протурка вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски во период кога опозицијата исто така се обиде преку писмо до меѓународните финансиски институции да ја блокира. Истата изнесуваше мегаломански 650 милиони евра и беше одложена.

- Задолжувањето е покриено до следната година до април, до кога треба да се одржат парламентарните избори и тука однапред работата е завршена за да не се повторат евентуално слични такви ситуации, вели изворот на „Фактор“, кој додава дека освен во делот на задолжувањето, не постојат други области и акти во ресорот преку кои опозицијата би можела „да прави опструкции“.

Во овие рамки пред формирањето на техничката влада како една од „мерките на претпазливост“ тука е и неодамнешната одлука на владината седница да се позајмат околу 150 милиони евра како краткорочен кредит кај шест домашни банки. Во редовите на власта сметаат дека ова вонредно задолжување е сепак под поволни услови со ниска каматна стапка.

Кога станува збор за задолжувањето кај домашните банки на неделна основа, односно при аукциите за издавањето на краткорочни записи, Наумов од СДСМ своевремено направи обид да стави вето на повеќемилионска сума, но тогашниот состав на Државната изборна комисија одлучи дека тој нема право да го блокира таквиот тип на задолжување.

- Државната изборна комисија направи еден вид на преседан кој сега нема да може да биде погазен бидејќи еднаш веќе така е решено. Според тоа, заменик-министерот од опозицијата не би можел ниту овој пат да стави вето, вели нашиот доброупатен соговорник.

Опозицијата, покрај во Министерството за финансии, заменици-министри со право на двоен потпис според Пржинскиот договор ќе назначи и во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и во Министерството за информатичко општество и администрација.

Минатата недела Собранието ги изгласа петте закони со кои Македонија се задолжува со нешто помалку од 300 милиони евра кај Светска банка за поврзување на локални патишта, кај Европската инвестициона банка, како и кај Европската банка за обнова и развој, за пречистителна станица за отпадни води во Скопје, кај Кредитната банка за обнова – КфВ за Програмата за наводнување, како и за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови, 

Тогашната опозиција за време на политичката криза и пржинските преговори жестоко се противеше на задолжувањата со високи суми со образложение дека јавниот долг наместо да се стави под контрола тој се продлабочува надминувајќи 50 отсто од БДП. Друи и од странските банки имаше препораки парите да се трошат постизборно.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска