Власта ќе го ограничи протестирањето според просторот и бројот
Објавено во: Македонија
12 Ноември, 2019
Добивај вести на Viber
Во Собранието се доставени предлог-измени на Законот за јавни собири од страна на Владата, според кои се предвидуваат нови ограничувања кога станува збор за протестите, што предизвика негативни реакции на социјалните мрежи.
Најспорното е што се предлага јавните собири да се ограничат пред седиштата и околниот простор на органите на државната власт и просторот околу нив, како и пред резиденцијалните и репрезентативните објекти.
Според предлогот, ќе се ограничат протестите на сообраќајни површини од витално значење како тунели, премини преку пат на железничка пруга, мостови, надвозници, подвозници, гранични премини, пристап до гранични премини и крстосници..
За да се одржи еден протест ќе биде потребна бројка од најмалку 50 граѓани, наместо досегашните 20.