19 Април, 2024
0.0264

ВЛАСТА БРЗА СО ЗАКОНОТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА - индустријта предупредува, без работа ќе останат 8.000 луѓе

Објавено во: Економија 02 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Владата не отстапува. Овој месец планира на своја седница да ги донесе измените на Законот за игри на среќа, со кои спортските обложувалници, казината и автомат клубовите, ќе мора да бидат оддалечлени најмалку 500 метри од училишта, факултети и верски објекти. 

Доколку ги донесе измените како што планира, значи дека власта целосно нема слух за предупредувањата од еснафот на спортски обложувалници од земјава, од каде тврдат дека со овие законски измени практично ќе се затвори целата индустрија, ќе се изгубат илјадници работни места, но и ќе предизвикаат големи загуби за буџетот на државата.

Во својата програма за работа за 2021 година, каде што Владата ги наведува сите законски прописи што планира да ги донесе во текот на годинава, носењето на измените на Законот за игрите на среќа се планира за март, односно овој месец. Овие законски измени не се сметаат за висок приоритет за Владата, туку во својата програма ја ставиле како Иницијатива со среден приоритет.

„Предложените измени имаат за цел утврдување на оддалеченост на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа, како што се автомат клубови, обложувалници, и казина, не помалку од 500 метри од основни и средни училишта, високообразовни институции и верски објекти“, стои во образложението од Влдата во нејзината програма. Тврдат и дека со законот ќе се зајакнеле одредбите од аспект на висината на надоместоците и начинот на нивно пресметување и утврдување.

ЗАШТИТА НА МАЛОЛЕТНИЦИ ОД ЛОШИ НАВИКИ

Од Владата се убедени дека на овој начин ќе ги заштителе младите од лоши навики. „Со Законот ќе се придонесе кон заштита на малолетната популација од стекнување на лоши навики и од штетните последици што можат да ги предизвикаат игрите на среќа“, се вели во образложението.

Претходно, намерите да го донесе овој закон Владата ги објави и на платформата ЕНЕР.

„Со постојниот закон не е уредена оддалеченоста на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа од основни и средни училишта и високообразовни институции. Ваквиот начин на уредување дава можност младата популација да има лесен пристап до игрите на среќа. Согласно постојното законско решение, приредувачите на игри на среќа во обложувлница и автомат клуб, со добивањето на една лиценца за автомат клуб и обложувалница имаат можност да отворат неограничен број на деловни простории односно уплатно-исплатни места. Ова има позитивни ефекти само за приредувачите, на кои им се овозможува со плаќање на надоместок само за една лиценца да отворат голем број деловни простории, а негативни ефекти врз Буџетот, заради помалку остварените приходи по овој основ“, навела Владата.

8.000 ВРАБОТЕНИ ПРЕКУ НОЌ ЌЕ ЈА ИЗГУБАТ РАБОТАТА

А на овие владини најави на ЕНЕР остро реагира Асоцијацијата на спортски обложувалници. Оттаму, како што нагласија на последната пресконференција, децидно стојат на ставот дека ваквите измени на законот се крајно неприфатливи, и ќе доведат до целосно затворање на индустријата, губење на илјадници работни места, како и огромни загуби за државниот буџет.

„Растојанието од 500 м оддалеченост на нашите деловни објекти од училишта и високообразовни институции, според анализите кои ги направивме, значи затворање на 98 отсто од уплатно-исплатните места, односно гасење на цела индустриска гранка. Со ова, директно се загрозува егзистенцијата на речиси 8.000 семејства, односно 8.000 вработени во индустријата на игрите на среќа кои преку ноќ ќе ја изгубат работата. Негативни последици ќе има и врз повеќе од 50.000 работни места во други стопански гранки, кои индиректно зависат од нашата работа“, изјави неодамна Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

Од Асоцијацијата предупредија и дека ваквото законско решение широко ќе го отвори патот на сивата економија и нелегалното обложување.

ОБЛОЖУВАЊЕТО ЌЕ СЕ ПРЕФРЛИ НА НЕЛЕГАЛНИ ЛОКЦИИ

„Нејасно е дали Владата сака од целосно регулиран пазар кој сега го имаме, да направи нерегулиран, бидејќи ефектот од законот ќе биде токму тој. Затворањето на спортските обложувалници нема да го запре обложувањето. Играчите ќе бараат алтернативни начини, а обложувањето ќе се префли на нелегални локации. Така државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите и малолетниците“, сметаат од Асоцијацијата.

Сметаат и дека со ваквиот закон се одзема стекнатото деловно право на компаниите кои имаат важечки лиценци за постоечките објекти и предупредуваат дека ќе има сериозни домашни и меѓународни правни импликации доколку се скрати ова право на компаниите.

Кога стнува збор, пак, за предлогот за зголемување на давачките, АСОМ потенцира дека приредувачите во земјава и сега плаќаат највисоки даноци во Европа, а наведената причина за нивно зголемување е целосно контрадикторна со оддалечувањето на објектите.

„Зголемувањето на ионака, највисоките даноци во Европа кои и сега ги плаќаме, а со цел како што се наведува зголемување на средства во буџетот, воопшто не кореспондира со предлогот за оддалеченоста. Ако ние ставиме клуч на врата на нашите објекти, државата ризикува да ги изгуби сите средства со кои индустријата на игри на среќа и сега придонесува во државниот буџет, а тое се повеќе од 250 милиони евра по сите основи на работењето. Зошто се зголемуваат даноци, ако практично планот е да се затворат објектите, и кој би бил економскиот ефект од тоа“, рече Илијевски. 

КОИ СЕ ПРЕДЛОЗИТЕ НА АСОМ

Конечно, од АСОМ нагласуваат дека ова не е европски закон, затоа што ниту еден европски закон не предвидува оддалеченост на објектите, бидејќи тоа нема никаков ефект врз навиките. Асоцијацијата на спортски обложувалници е подготвена да прифати било кој од европските закони во земјите членки на ЕУ, но не ваков кој има за цел затворање на индустријата.

А нивните предлози се токму во делот на покачување на приходите на државата од игрите на среќа - преку ефикасни европски модели на оданочување, поголема безбедност за играчите, едукација, како и трикратно повисоки казни за приредувачите кои ќе ги прекршат законите. Но, досега од властите тоа не било прифатено.

Од Асоцијацијата сега бараат стопирање на целиот процес на носење предлог закон и вклучување на сите засегнати страни во подготовка на нов предлог, и по него да има отворена и транспарентна дискусија.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет