10 Август, 2020
0.0602

Владина одлука: Пет милиони евра кредити за уште 476 компании

Објавено во: Финансии 14 Јуни, 2020

Владата на синоќешната седница ја усвои информацијата на Развојната банка на Северна Македонија за барањата кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик број 1. за кредити од кредитната линија од Компензационите фондови од странска помош  со цел намалување на последиците од коронавирусот.

Ја задолжи банката да склучи договори за кредит со кредитобарателите кои ги исполнуваат критериумите во Јавниот повик број.1, претходно наведени во третиот и четвртиот доставен список, односно со 476 компании со барања за поддршка во висина од 316.038.500 денари.

„Во врска со овие информации на Развојната банка на Северна Македонија, Владата донесе заклучок да се разгледаат можностите за обезбедување дополнителни средства заради големиот интерес од компаниите за овие мерки за намалување на последиците од коронавирусот КОВИД-19“, додаваат од Владата.


Можеби ќе ве интересира

НЛБ го зголеми кредитирањето, добивката изнесува 11,9 милиони евра

НЛБ го зголеми кредитирањето, добивката изнесува 11,9 милиони евра

НИНА АНГЕЛОВСКА: Ако не барате фискална и не скенирате - продавачот ќе ги земе вашите пари за себе

НИНА АНГЕЛОВСКА: Ако не барате фискална и не скенирате - продавачот ќе ги земе вашите пари за себе

ЕВЕ КОИ СЕ ДОБИТНИЦИТЕ: Месечни награди од по 20 илјади денари, „милиончето“ ќе стигне во декември

ЕВЕ КОИ СЕ ДОБИТНИЦИТЕ: Месечни награди од по 20 илјади денари, „милиончето“ ќе стигне во декември

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИОТ БИЗНИС ПРОФИТАБИЛЕН И ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА: Македонски телеком со добивка од 11,2 милиони евра за првото полугодие

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИОТ БИЗНИС ПРОФИТАБИЛЕН И ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА: Македонски телеком со добивка од 11,2 милиони евра за првото полугодие