19 Април, 2024
0.0266

Владејачките пратеници креваат „брана“ од амнестиите на Иванов

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Владејачките пратеници ја послушаа министерката за правда Рената Дескоска, па веднаш по нејзиниот повик, пратеничката група на СДСМ поднесе Барање за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување.

На тој начин треба да се спречи да оживеат помилувањата кои пред неколку години ги даде екс претседателот Ѓорге Иванов, со што би се ослободиле сите осомничени и обвинети за кривичните дела кои произлегоа од бомбите.  

„Со овој чекор сакаме да ги спречиме најавите да се врати незаконската аболиција на Ѓорѓе Иванов, против која застанаа сите слободоумни граѓани, зад која застанавме и ние. Неказнивост на делата што ги направи режимот предводен од ВМРО-ДПМНЕ не смее да има и нема да има, ние тоа нема да го дозволиме. Граѓаните бараат правда и правда мора да има. Секојдневно сме сведоци на обиди за избегнување на правдата. Од постојано одложување на судења, па се до иницирање на постапки пред Уставниот суд. Последен од тие обиди е отворањето на вчерашната постапка за оценка на членот 11 од Законот за помилување“, изјави пратеникот Костадин Костадин Костадинов, кој е портпарол на владејачката партија. 

Според него, одредени структури во правосудството упорно бараат начини да ја заобиколат правдата за оние кои повеќе од една деценија ја злоупотребуваа службената положба и крадеа од граѓаните.

„Тоа нема да го дозволиме. Нема да дозволиме нова незаконска аболиција од очигледни инсталации на режимот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ. Нова неуставна амнестија нема и не смее да има. Секој мора да одговара за делата и за злоупотребите што ги направил. За предметите за кои се води постапка пред СЈО а сега се преземени од ЈО мора да има правна завршница“, рече Костадинов.

Тој ги повика сите пратеници да застанат на страната на правдата и да го поддржат Барањето за автентичното толкување. Тоа е одговорност на секој избран пратеник. 

Од Кабинетот на спикерот Талат Џафери потврдиле дека барањето за давање автентично толкување од СДСМ е пристигнато во Собранието, и е пуштено веднаш до сите пратеници. Во понеделник идната недела се очекуваат повеќе детали.

А овој потег на владејачката партија следуваше откако денеска министерката за правда Рената Дескоска, со драматичен апел до пратениците го повика Собранието да даде автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, бидејќи, според неа, само така ќе спречи повторно да оживеат незаконските помилувања што ги направи Иванов. Само така пратениците ќе покажат кој е за правда, а кои се слуги на криминалот.

„Сведоци сме на обиди за избегнување на правдата и обезбедување на неказнивоста за сериозни кривични дела“, рече Дескоска, по последната одлука на Уставен суд, кој поведе постапка за оценување на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година. Токму членот 11-а овозможуваше претседателот на државата да повлече веќе донесена одлука за помилување. 

Тие обиди, според министерката, се движат од постојано одложување на судски постапки, до иницирање на постапки пред Уставен суд за укинување на членови од Кривичниот законик, а сега и на Законот за помилување. Станува збор за манипулативни обиди за неказнивост на кривичните дела кои ги почна СЈО, а сега ги продолжи ЈО. 

Со отворање на вчерашната постапка од Уставен суд за оценка на член 11 А од Законот за помилување, се заканува голема опасност за иднината на постапките кои се водат од прислушкуваните материјали. 

„Не сакам да прејудицирам ни да влијаам каква одлука ќе донесе Уставен, но за да се спречи активирањето на незаконските помилувања дадени од Иванов го повикувам Собранието да ги искористи механизмите што ги има. Собранието, со свое автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, може да потврди дека членот 11 на кој Иванов ги засновуваше своите масовни помилувања, не постоеше“, рече министерката Дескоска. 

А откако Уставниот суд ја донесе одлуката, сега постојат две можности, или да се укине членот 11-а, што би значело дека во иднина шефот на државата не би можел да повлече веќе донесена одлука за амнестија, или многу понеповолна би била втората опција за случаите на СЈО, а таа е да се поништи овој член. Ова всушност би значело дека која ја направи поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов ќе стапи во сила, што ќе им донесе ослободување на сите обвинети во случаите на СЈО. 

( Н.Н.Ф.)


Можеби ќе ве интересира

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден