Добивај вести на Viber
Владата објави дека на денешната седница донела одлука да се стопира изградбата на Прифатниот центар за странци во населбата Бардовци во Општина Карпош.
Изградбата ќе се одвива на друга локација надвор од населено место. Ова доаѓа како одговор на барањето на граѓаните од Бардовци и Волково кои со месеци протестираа против изградбата на центарот.
„Граѓаните имаа оправдани дилеми поради што неколку пати за ова се обраќаат до централните институции, Општина Карпош и до меѓународната заедница“-информираат од Влада.
Од таму вели дека во директна комуникација се уважуваат аргументираните барања на жителите и дека ќе се бара нова локација надвор од населено место со цел, се вели во соопштението, реализација на овој важен проект.