25 Април, 2024
0.0281

Владата се пофали со растот на просечната плата

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Расте просечната нето плата, создаваме услови, велат од Владата. 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември лани била 27.588 денари и таа е повисока за 7 отсто  во однос на истиот месец во 2019 година. Зголемувањето изнесува 1.801 денари. Во согласност со податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2020 во споредба со истиот месец 2019 година регистрирано е зголемување на нето платата по вработен во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство (8,5 отсто), во преработувачката индустрија (7,3 отсто), снабдување со електрична енергија, гас, пареа, климатизација (4,9 отсто), информации и комуникации (9,4 отсто), финансиски дејности и дејности на осигурување (2 отсто), како и во останати бројни дејности.

„Дополнително, ваквото зголемување во најголем дел се должи и на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (11,2 отсто), дејности на здравствена и социјална заштита (11,2 отсто) и образование (9,5 отсто). Највисоки нето-плати се регистрирани во секторите информации и комуникации, како и финансиски дејности и дејности на осигурување.
Владата во консултација со сите релевантни чинители во општеството, синдикати, комори, организации на работодавачи, креира амбиент за раст на просечната и на минимална плата во следните четири години. Посветени сме на реализација на стапките на економски раст од 4-5 отсто и покачување на платите за 20 до 30 отсто односно до 34 илјади денари во следните четири години со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата“, информираат од Владата. 

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесува 41 141 денар.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди