18 Април, 2024
0.1542

Владата размислува да пријави Реисот на ИВЗ по упатените закани

Објавено во: Македонија 22 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Владата на Македонија размислува да го пријави Реисот Сулејман Реџепи пд Исламската веркса заедница за закани откако овој преку писмо побарал да и се вратат имоти на заедницата одземени од државата или во спротивно, како што се вели во писмото, „ќе се нарушат односите во општеството затоа што се фаворизира Македонската православна црква“.

Од Владата го објавија ова писмо во јавноста добиено на 12 март, а објави и свое во кое се истакнува декатаквиот допис од Реисот претставува неприфатлив облик на обраќање кон државните институции, кој е вид на уцена и закана, поради што сериозно се размислува за овој чин да се извести надлежното јавно обвинителство.

„Според Уставот, како највисок правен акт, Република Северна Македонија е секуларна држава, а оваа извршна власт никогаш нема да презема чекори со кои би ги манипулирала верските чувства или би се мешала во односите внатре во верските заедници или помеѓу нив.  Во таа насока ги отфрламе сите обвинувања дека било која верска заедница е фаворизирана во државата, а таквото обвинување го сметаме за претенденциозно и паушално.

Доколку кај Вас почитуван, постои сомнеж или индиција дека некоја институција ги прекршила позитивно правните прописи Ве охрабруваме како Реисул на ИВЗ да покренете соодветна постапка пред надлежните органи со соодветно правно барање.

Особено важно е да нагласиме дека во мултиконфесионално општество верските граѓански права и слободи се остваруваат преку постојан процес на градење на меѓусебна доверба помеѓу различните конфесии, а не преку ултиматуми, кои како правило на игра доколку го прифатат сите регистрирани верски заедници, сериозно негативно би се одразило врз општествената кохезија“, се вели во дел од одговорот до ИВЗ што го објави Владата.


Можеби ќе ве интересира

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!