Владата одлучи на денешната седница: Се укинува прогресивното оданочување

Објавено во: Економија 01 Декември, 2022
Премиерот ДИмитар Ковачевски на денешната прес-конференција објави дека на владината седница е одлучено да се укине воведувањето на проресивното оданочување, кое беше одложено и требаше да започне од 1 јануари 2023. Ваквата одлука е донесена по состаноците со деловната заедница.
Ковачевски рече дека нема да има зголемување на персоналниот данок, данокот на добивка и ДДВ, но дека ќе се зголеми даночната ефикасност. Ковачевски потврди дека штедните влогови и депозити нема да се оданочуваат и понатаму.
„Оданочувањето ќе се воведува во повеќе етапи во интерес на прилагодување на повеќе страни. Со овој нов концепт не се предвидуваат нови даноци и нивно зголемување“, објави Ковачевски.
Тој додаде дека ќе има поголема праведност во оданочувањето, мислејќи на повластените сектори. Ќе се зголеми и оданочувањето во таканаречените „сиви зони“. Ќе има зголемени фискални зафати во дејностите кои негативно влијаат на животната средина со „зеленото оданочување“.
Можеби ќе ве интересира
Лани државата за 17 отсто ги зголемила приходите од даноци

НОВ БРАН ПРОТЕСТИ ЈА ПАРАЛИЗИРАА ФРАНЦИЈА: Училиштата затворени, сообраќајот во застој

Анѓушев: Од мај продажба на електрична енергија за извоз
ПЕНЗИСКИОТ ФОНД НА НОРВЕШКА ДОЖИВЕА НАЈГОЛЕМА ЗАГУБА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 25 ГОДИНИ: Помалку има дури 152 милијарди евра
Официјално: Над 10.000 Македонци лани работеле како странци во Хрватска

За колку се намали вредност на рубљата во однос на доларот?

ПОТРЕБНИ СЕ И ВО ЈАВЕН И ВО ПРИВАТЕН СЕКТОР: Оваа професија станува популарна

Прогнозите на ММФ контрадикторни: „Очекувајте го неочекуваното“, а оваа земја дефинитивно оди во рецесија
