17 Јануари, 2022
0.0606

Владата објави уште колку им должи на Фајзер, Гамалеја и Ковакс за вакцините против Ковид-19

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2022

Владата во донесената програма за задолжителна имунизација за 2022 наведува дека потребни се уште 15 милиони евра за подмирување на обврските кон производителите Фајзер, институтот Гамалеја и Ковакс-механизмот за набавката на вакцините против Ковид-19 според склучените договори во текот на изминатата година.

Програмата е донесена на владината седница одржана на 11 јануари, а стапува на сила од вчера. Инаку, во буџетот се предвидени 337.796.000 денари, или околу 5,5 милиони евра, за набавка на Ковид-19 вакцини во 2022, но се наведува дека ќе бидат потребни и средства за подмирување на обврските.

„Реално потребни средства, согласно обврските од тековните договори за набавка на КОВИД-19 вакцини изнесуваат 905.581.676 денари, од кои: 1.Директен договор склучен со производителот Pfizer/BioNTech 493.860.301 денари 2. Директен договор склучен со производителот Gamaleya (SputnikV) 123.465.075 денари 3. Договор склучен со COVAX механизам 287.056.300 денари 4. Банкарски провизии за исплата на COVAX механизам 1.200.000 денари“, пишува во програмата за задолжителна имунизација во делот на финансирањето.

Имунизацијата во Македонија најмногу се потпре на вакцините од „Фајзер“, потоа преку Ковакс механизмот, како и од директните преговори со производителите од Кина и Русија. Дополнителни вакцини од ЕУ имаше преку грантот од 70 милиони евра за Западен Балкан, како и многубројни донации од соседните и останатите европски земји. 

Во програмата не се споменуваат обврски за набавка на вакцини од Кина, односно дали е исплатена целосно набавката. Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во текот на ланската година отвори предметот за начинот на кој се одвиваше набавката на вакцините против ковид-19, но засега нема епилог.

Антикорупциската комисија тврдеше дека добила од Народна банка (НБ) документ за извршена исплата на седум милиони и 800 илјади долари преку „Стабри интернешнл“ од Хонгконг. Од МЗ, пак, известија дека не бил исплатен аванс на правно лице за купување кинески вакцини, туку на почетокот на годината има извршено уплата на средства на име гаранција за да се изврши резервација на 200 илјади дози вакцини од производителот „Синофарм“.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЕСМ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ОФИЦИЈАЛНО ЌЕ ГО ПРЕЗЕМЕ УПРАВУВАЊЕТО СО БЕГ ДО ЗАВРШУВАЊЕТО НА КРИЗАТА: ЕСМ потпиша договор со ТЕ-ТО

ЕСМ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ОФИЦИЈАЛНО ЌЕ ГО ПРЕЗЕМЕ УПРАВУВАЊЕТО СО БЕГ ДО ЗАВРШУВАЊЕТО НА КРИЗАТА: ЕСМ потпиша договор со ТЕ-ТО

АКО ЕВТИНАТА ТАРИФА НЕ ЈА УКИНЕТЕ ТОГАШ ПОВЕЌЕ ЌЕ ЈА ПОКАЧИТЕ ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА: Анѓушев тврди дека цената на електричната енергија ќе се стабилизира

АКО ЕВТИНАТА ТАРИФА НЕ ЈА УКИНЕТЕ ТОГАШ ПОВЕЌЕ ЌЕ ЈА ПОКАЧИТЕ ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА: Анѓушев тврди дека цената на електричната енергија ќе се стабилизира

Владата донесе Уредба за прогласување кризна состојба

Владата донесе Уредба за прогласување кризна состојба

Бислимовски тврди дека ќе се подобри квалитетот на испораката на топлинската енергија

Бислимовски тврди дека ќе се подобри квалитетот на испораката на топлинската енергија

Решение има, радијаторите ќе останат топли

Решение има, радијаторите ќе останат топли

БЕГ: Се решава проблемот и се надеваме на позитивен исход и непрекинато снабдување со топлинска енергија

БЕГ: Се решава проблемот и се надеваме на позитивен исход и непрекинато снабдување со топлинска енергија

Во една од европските земји секој четврти угостител останал без работа поради пандемијата

Во една од европските земји секој четврти угостител останал без работа поради пандемијата

ДУРИ 60.000 ДОМАЌИНСТВА СЕ ВО ГРЧ - уште нема решение за парното

ДУРИ 60.000 ДОМАЌИНСТВА СЕ ВО ГРЧ - уште нема решение за парното

Во кој дел на Германија работниците земаат повисоки плати?

Во кој дел на Германија работниците земаат повисоки плати?