18 Февруари, 2020
0.0177

Владата носи закони со полна пареа: За еден месец 120 закони, 94 не биле на ЕНЕР

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2020

Од усвоени 120 закони дури 94 не биле поставени на ЕНЕР (единствениот национален регистар на прописи), со што Владата го прекршила сопствениот деловник, реагираат од Институтот за демократија - Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата. 

Ако се погледнат предлог текстовите на овие 94 закони и објаснувањата од подносителот ќе се види дека во најголемиот број се врши усогласување со Законот за прекршоци, но воедно сите глоби драстично се намалуваат од оние кои се моментално утврдени. Напоменуваме дека, подносителот има обврска да го почитува Деловникот без разлика на содржината на измените, освен со исклучок кога се вршат интервенции од нормативно-правен карактер, стои во реакцијата. 

Согласно Деловникот на Влада, сите предлози за донесување закон, нацртите и предлозите на закони кои што ги предлага Влада до Собрание, надлежните министерства имаат обврска да ги објават на својата интернет страница и на ЕНЕР (www.ener.gov.mk) и истите треба да бидат достапни за коментари од јавноста најмалку 20 дена од денот на објавувањето на ЕНЕР.

„Со ваквата пракса на масовно донесување закони по скратена постапка кои воедно не се објавени на ЕНЕР, јавноста и сите засегнати страни не се во можност навремено да се информираат, да дадат свој придонес и да се вклучат во подготовка на закони кои што ќе ги одразуваат потребите на граѓаните. Напоменуваме дека оваа состојба беше констатирана и пред парламентарните избори во 2016 година што пак создава една негативна предизборна пракса, реагираат од Институтот. 

Велат дека укажуваат ека кај дел од законите за кои не е испочитуван процесот на консултации утврдено е дека постојат и измени и дополнувања кои не се само во форма на законско усогласување туку имаат и пошироко влијание. Како поспецифични значајни законски измени или нови законски текстови кои не го поминале филтерот на ЕНЕР се Предлог – закон за изменување на Законот за заштита од пушењето, Предлог-закон за изменување на Законот за стоковите резерви, Предлог – закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, Предлог- закон за изменување на Законот за работните односи, Предлог- закон за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ЕКОЛОШКА МЕРКА: Ќе се субвенционираат високоефикасни инвертер клима уреди

ЕКОЛОШКА МЕРКА: Ќе се субвенционираат високоефикасни инвертер клима уреди

ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Заменикот министер за труд и социјалната политика Ѓонул Бајрактар ги презема овластувањата во MTСП

ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Заменикот министер за труд и социјалната политика Ѓонул Бајрактар ги презема овластувањата во MTСП

ЖЕНА ОД ТЕТОВСКО ИСЧЕЗНАЛА НА НОВА ГОДИНА: Пред два дена се појавила на Ќафасан

ЖЕНА ОД ТЕТОВСКО ИСЧЕЗНАЛА НА НОВА ГОДИНА: Пред два дена се појавила на Ќафасан

ЧУЛЕВ ИСТРАЖУВА - кој го направи проблемот со пасошите, се бара решение

ЧУЛЕВ ИСТРАЖУВА - кој го направи проблемот со пасошите, се бара решение

Најчевска по вчерашниот марш: СДСМ пополека но сигурно станува ВМРО-ДПМНЕ

Најчевска по вчерашниот марш: СДСМ пополека но сигурно станува ВМРО-ДПМНЕ

„Рекет“ без новинари на барање на Рускоска: Јанева и Боки 13 протестираа

„Рекет“ без новинари на барање на Рускоска: Јанева и Боки 13 протестираа

Македонската технолошка револуција веќе почна

Македонската технолошка револуција веќе почна

ИБРАИМОВСКИ ЖАЛИ - не успеав да ве спасам од ропството на извршителите

ИБРАИМОВСКИ ЖАЛИ - не успеав да ве спасам од ропството на извршителите

Без вода денес корисници на овие скопски улици

Без вода денес корисници на овие скопски улици