Владата на оглас бара директор на Агенцијата за странски инвестиции
Објавено во: Економија 13 Февруари, 2020
На јавен оглас, Владата бара директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.
Директорот ќе има мандат од четири години со можност за повторен избор. Во огласот се наведени условите кои треба да ги исполнува кандидатот меѓу кои и меѓународно признатите сертификати и уверенија.
Владата лани го разреши Вулнет Адеми кој беше избран за прв човек на Агенцијата во февруари 2018 година. За него имаше написи дека трошел премногу службени пари за ресторани и хотели.