19 Април, 2024
0.0309

Владата му одобри пренос на концесија од мала хидроцентрала на Феро Инвест

Објавено во: Економија 20 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Феро Инвест го збогати своето портфолио со нова мала хидроелектрична централа која произведува струја од обновливи извори на енергија по повластена тарифа со минатонеделна одлука на Владата за давање на согласност за пренос на уделот од концесијата на Хидро Еко Инженеринг, друштво кое веќе ја има потребната лиценца од 2011, а од 2013 ja има и дозволaта за повластено субвенционирање. 

Владата му даде согласност на концесионерот, како носител на правото на концесија на вода за изградба на мала хидроелектрична централа за производство на електрична енергија добиена по основ на Договор за концесија за вода за изградба на мали хидроелектрични централи за производство на електрична енергија за пренос на 100 отсто од уделот на Феро Инвест.

Во меѓувреме, сите фирми кои имаат добиено лиценца, државата ги субвенционира со повластена тарифа, односно е должна да им ја откупи струјата за поскапа цена од пазарната. Малите хидроелектрани ја продаваат струјата по цена од 4,5 до 12 евроценти за киловатчас, а цената главно зависи од количината на испорачана енергија.

Управител на Феро Инвест е Кочо Анѓушев, кој повеќе не е вицепремиер за економски прашања по истекот на редовниот мандат од претходната Влада пред стапувањето на предизборната техничка власт. Тој беше на функција во Владата до 3 јануари, односно на 100 дена пред предвремените параментарни избори, а на негово место дојде Мила Царовска, дотогаш министерка за труд и социјална политика. Анѓушев рече дека му е доволно од политиката и повторно се врати како раководител на својата компанија.

Инаку Хидро Еко Инженеринг во 2013 ја доби дозволата за користење на повластена тарифа од обновливи извори на енергија, прво за фотонапонската централа во Соколарци, а потоа и за хидроелектричната централа во Пробиштип, која сега му ја отстапува на Феро Инвест.

Хидроелектроцентралата МХЕ „Зелен град“ има инсталирана моќност од 130 kW на водотекот на Зеленградска река во Пробиштип со планирано годишно производство на електрична енергија од 500.000 kWh со користење на повластените тарифи за одделните блокови, во зависност од испорачаната електрична енергија. Периодот на користење на повластените тарифи е 20 години.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите