Владата ќе воведува поголема контрола на сторнираните сметки и тикети
Објавено во: Економија 13 Ноември, 2018
Државата смета дека се прави злоупотреба со сторнираните сметки кај вршителите на промет на храна и пијалоци за конзумирање во рамки на објектот на давателот на услугата, како и кај обложувалниците, објави Правдико.
Новото законско решение треба да се подготви до 31 декември оваа година, а веќе е започната постапката.
Министерство за финансии подготвува текст на измени и дополнувањата со кои се очекува намалување на даночната евазија од даночните обврзници и подобра наплата на даноците, како и доуредување и допрецизирање на глобите во законот за физичките лица и трговците поединци.
Со цел намалување на фискалната евазија на даночните обврзници се врши доуредување на начинот на вршење на контрола и постапување на Управата за јавни приходи во случаите на констатирана неправилност.
Дополнително, со овие измени се врши доуредување на глобите во законот. Исто така, ќе се врши доуредување на начинот на издавање на фискални сметки кај вршителите на промет на храна и пијалоци за конзумирање во рамки на објектот на давателот на услугата.