29 Март, 2024
0.1873

Владата ќе продава возила користени само десетина години

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Владата на една од претходните седници донесе одлука за продажба на патнички моторни возила во државна сопственост чиј корисник е Агенцијата за лекови и медицински средства од кои четири се користени само десет години.

Станува збор за четири автомобили Шевролет Спарк со година на производство 2008, сила на мотор 48,5 киловати и зафатнина на моторот 995 сантиметри кубни Проценката е направена на 22 април 2019 и се ставени на продажба за почетна сума од 46.800 денари за секое од возилата.

Дополнително, на продажба од Агенцијата за лекови и медицински средства е и Фолксваген Поло со година на производство 2005, сила на мотор 47 киловати и зафатнина на моторот од 1896 сантиметри кубни и проценето на почетна цена од 69.200 денари. На пинуда е и Форд Фиеста од 2006 со сила на мотор 50 киловати и  зафатнина на моторот 1399 см3 и почетна цена од 79.300  Се продава и Фолксваген Голф од 1998 со сила на мотор од 83 KW и зафатнина од 1781 см3, проценето со почетна цена 28.800.

Продажбата ќе се изврши поединечно по пат на електронско јавно наддавање преку електронскиот систем на Управа за имотно – правни работи, а проценетата вредност е од Бирото за судски вештачења  Иако испративме, од Агенцијата за лекови и медицински средства не добивме одговор во разумен рок за четирите возила кои се произведени во 2008. Останува непознато зошто се понудени овие возила на продажба ако се знае дека се употребувани само десетина години, односно се произведени во 2008, дали станува збор за дефектна состојба, дали агенцијата има намера да го возобнови возниот парк со нови автомобили и колку се купени во изминатиот период.

Од системот за јавни набавки може да се види дека Агенцијата за лекови и медицински средства застапувана од директорот Ќахил Ибраими оваа година распишала тендер за набавка на три патнички возила, а во април договорот е склучен со фирма од Куманово за набавка на три автомобили во вредност од 3 милиони денари со платен ДДБ.

Купена е една Шкода Октавија од 115 коњски сили и две Фолксваген move up од 60 коњски сили. Првото возило чини 1,35 милиони денари, додека другите две заедно 1,65 милиони. Операторот е обврзан во првите две години, односно првите 100.000 километри во овој рок, бесплатно да ги сервисира.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие